Веганско брауни со сладок компир

Дали ви се јаде нешто благо кое во исто време е здраво и од растително потекло?

Овој рецепт за веганско брауни е многу брз и лесен, а секако и многу вкусен! Единствениот „недостаток“ е што треба да почекате барем половина час да се олади за да биде уште повкусно.

Веганско брауни со сладок компир

Потребни состојки (за 16 парчиња):

  • 500 г сладок компир
  • 150 милилитри растително млеко (оризово или овесно)
  • 150 г путер од кикиритки
  • прашок за пециво
  • 50 г брашно
  • 100 г какао
  • 1 лажица шеќер
  • 50 г бадеми (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги слатките компири да се печат на 200 степени за 35 до 40 минути, сè додека не бидат меки. Извадете ги од рерната и покријте ги со крпа за да можат полесно да се излупат и да бидат уште помеки. Откако ќе се оладат, излупете ги.
  2. Ставете ги бадемите во вода и почекајте да зоврие. После 10 минути, извадете ги и излупете ги.
  3. Во голем сад, ставете ги слатките компири и со помош на виљушка направете смеса. Потоа додајте го млекото, путерот од кикиритки, прашокот за пециво, брашното, какаото, половина од бадемите и шеќерот. Измешајте ги сите состојки.
  4. Пренесете ја смесата во сад за печење. Одозгора наредете го другиот дел од бадемите и ставете да се пече на 180 степени за 35 до 40 минути. Пред да го јадете, оставете да се олади барем половина час.

Пробајте го и овој брз колач без готвење и печење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар