Вегански бургери од наут и тиква

Одличен рецепт за време на есенските и зимските месеци! Овие бургери од наут и тиква се толку вкусни што ќе го импресионираат секој што ќе ги проба!

Вегански бургери од наут и тиква

Потребни состојки:

  • 250 г зготвен наут
  • 250 г пире од тиква
  • 60 г сечкам кромид
  • 30 г сечкан магдонос
  • 1 и 3/4 лажички лук во прав
  • 1 лажичка ким
  • 1/4 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка сол
  • половина цеден лајм
  • микс од 2 лажици ленено семе + 1 и 1/2 половина лажици вода или користете јајце ако не сте вегани
  • 95 г брашно од спелта
  • 280 милилитри растително млеко
  • 130 г лебни трошки

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете ги веќе зготвениот наут и блендирајте го. Потоа додадете го пирето од тиква.
  2. Додадете го кромидот и магдоносот и промешајте, а потоа додадете ги зачините и сокот од лајм. Блендирајте.
  3. Полека додавајте го млекото и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
  4. Додадете го брашнотои направете добро тесто.
  5. Потоа направете мали бургери и секој бургер треба да го поминете добро од двете страни во тањир со лебни трошки.
  6. Пржете ги на тивок оган и во тава со 2-3 лажици масло.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за вегетаријански бургери од киноа и спанаќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар