Три моќни решенија за спречување на потењето

Три моќни решенија за спречување на потењето

Со пролетните и летните горештини кои веќе ни дојдоа, невозможно е да не се потите повеќе од вообичаено, бидејќи на тој начин телото се ослободува од вишокот топлина. Потењето е нормална појава, но понекогаш знае да ни создаде проблеми и да нè доведе во непријатна ситуација. Во борбата против претераното потење ви ги претставуваме овие 3 природни решенија кои можат да бидат поефикасни од скапите козметички препарати.

Три моќни решенија за спречување на потењето

Масло од црн ким

Маслото добиено од ладно цеден индиски црн ким, делотворно делува против бактериите и габичните заболувања, но помага и при претераното потење.

По туширањето намачкајте се по целите раце, од прстите до рамената и нормално под пазувите.

Чај од жалфија

Од лековитите материи со кои изобилува жалфијата, во борбата против потењето многу силно влијание имаат нејзините жолто-зелени етерични масла, смолата и танинот.

Затоа редовно консумирајте чај од жалфија. Овој чај делува како природно средство против претераното потење, а најдобро делува против ноќното потење. За да имате видливи резултати треба да пиете по еден литар чај дневно барем две недели.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет делува како природен деодоранс кој ги уништува бактериите. Затоа можете еднаш дневно да ги пребришувате бактериите со него. На сува крпа нанесете јаболков оцет и пребришете се по деловите од телото кои најмногу ви се потат.

За да го спречите потењето на стапалата, два до три пати неделно направете купка со две литра вода и 75 милилитри јаболков оцет и 15 минути квасете ги нозете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    лимонот исто така помага за потење – ги убива бактериите

Остави коментар