Топли сендвичи „Монте Кристо“, се пржат во тава, а повкусни се од пржени лепчиња

Топли сендвичи „Монте Кристо“, се пржат во тава, а повкусни се од пржени лепчиња

Ова е едноставен рецепт за брз појадок. Совршен е за сите кои сакаат вкусна храна, но немаат доволно време за да ја подготват. Состојките кои ви се потребни за да ги направите овие сендвичи секојдневно се наоѓаат во нашите фрижидери.

Топли сендвичи „Монте Кристо“, се пржат во тава, а повкусни се од пржени лепчиња

Потребни состојки:

  • 4 парчиња тост леб
  • 2 парчиња шунка
  • 4 парчиња кашкавал
  • 1 јајце
  • путер или масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Ставете парче кашкавал на 2 парчиња леб, потоа шунка, а потоа повторно кашкавал. Покријте ги со останатите две парчиња леб.
  2. Разматете го јајцето, зачинете со сол и внимателно натопете ги сендвичите од едната и од другата страна во смесата.
  3. Загрејте ја тавата за пржење, додадете путер или масло и прво пржете ги сендвичите од едната страна. Потоа свртете ги внимателно, користејќи поширока шпатула и испржете ги и од другата страна.
  4. Според оригиналниот рецепт, пржените сендвичи уште додека се топли треба да се наросат со малку шеќер во прав, но можете да го прескокнете овој чекор доколку не сакате да мешате благи и солени вкусови.

Можеби сакате да приготвите и семејна пица од палента – подобра и од класичната!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар