Семејна пица од палента – подобра и од класичната!

Ви предлагаме здрав рецепт за пица, кој може да го подготвите заедно со вашите најблиски и да уживате во прекрасните семејни моменти.

Семејна пица од палента – подобра и од класичната!

Потребни состојки за пицата:

  • 1 чаша палента (или пченкарно брашно) (160 г)
  • 1,5 чаши вода (360 мл)
  • 1,5 чаши млеко (375 мл)
  • половина чаша рендан пармезан (50 г)
  • 4-5 големи лажици пица сос
  • 2 големи парчиња моцарела
  • 1 лажичка суво оригано
  • малку маслиново масло
  • 1 грст рукола и неколку свежи листови босилек

Начин на подготовка:

  1. Варете ја палентата во загреаното млеко помешано со вода околу 3-5 минути.
  2. Додајте го пармезанот, измешајте добро и истурете ја смесата во тава за печење, која сте ја обложиле со хартија за печење. Израмнете ја површината со дебелина од 2,5 см и формирајте круг (смесата ќе биде доволна за две пици).
  3. Попрскајте ја основата од палентата со малку маслиново масло и печете 20 минути во рерна загреана на 220 °С. Потоа извадете ја тавата, премачкајте ја пицата со сосот, додајте ја моцарелата и сувото оригано и печете уште 5 минути додека не се стопи сирењето. Послужете ја пицата со свежи билки и сечкана рукола.

Рецепт за вкусен пица сос:

  • 2 конзерви домати (пелати).
  • 1 лажичка кромид во гранули
  • 1 лажичка лук во гранули
  • 1 лажичка суво оригано
  • 1 лажичка мед
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 прстофат бибер

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги заедно во тенџере на тивок оган.
  2. Варете го сосот 20 минути. Повремено мешајте и почекајте вишокот течност да испари, а сосот да стане густ.

Уживајте во вкусовите на овој здрав рецепт!

Можеби сакате да дознаете и еден многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар