Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен

Многу шминкери ќе ви кажат дека ефективниот кармин е доволен. Со малку пудра и маскара, вашиот стајлинг е исполнет. Оваa есен ќе се носат токму такви кармини – ефективни, моќни и такви кои ќе ги истакнат вашите усни. Во продолжениe ќе погледнете 5 нијанси кои се апсолутен хит за оваа есен. Слободно експериментирајте!

1-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

1. Марсала боја на кармин

Мешавината на сина и црвена нијанса е бојата која оваа есен ја носат моделите на модните недели ширум светот. Истакнете ги вашите усни, нека тие бидат во прв план. Со овој кармин доволно е да додадете само неколку слоја црна маскара.

2-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

2. Неутрални мат усни

Ако не сте смели или не сте сигурни дека темните нијанси на кармин добро ви стојат, тука и понатаму се неутралните „голи“ усни, кои сè уште не излегле од мода. Со оваа варијанта одлично се вклопуваат зачадени очи.

3-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

3. Незаменливата црвена

Секогаш е во тренд, а се чини дека секоја сезона сè повеќе и повеќе. Заводничка, дава посебен сјај на вашето лице, а стана дел од секојдневието, бидејќи можете да ја носите и во дневни и во ноќни варијанти.

4-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

4. Црвена мат нијанса

Уште една црвена нијанса, но овој пат во мат варијанта. Мат шминката сè повеќе зазема место меѓу новите бјути трендови, затоа не мислете двапати. Мат кармините комбинирајте ги со мат лакови за нокти, бидејќи тоа е вистински погодок за оваа сезона.

5-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

5. Мистериозно виолетова

Нијанса која е одлична за работен стил. Со неа можете да комбинирате и различни нијанси на сенка за очи и малку руменило на лицето.

6-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар