4 видови инфекции кои може да се појават на кожата под градите

Најверојатно не гледате често што се случува на кожата под градите, барем не додека не се појави некој проблем. Колку и да не сакате да се оптоварувате со нешто што не е на видно место, сепак за да го тргнете од мисли, вреди да земете огледало и да проверите – особено ако имате големи гради.

2-4-vidovi-na-infekcii-koi-mozhe-da-se-pojavat-na-kozhata-pod-gradite-www.kafepauza.mk_

1. Осип и габични инфекции

Зошто ги имате: Многу е честа појавата на осип под градите, особено кога е времето топло и влажно. Триењето и влажноста во овој предел на телото го оштетуваат горниот слој на кожата, па на тој начин се јавуваат габични инфекции. Потењето и габичките кои се „заробени“ под градите, доведуваат до осип.

Како да се ослободите: Посипете пудра по зафатената кожа додека се спремате наутро, а ако е потребно и во текот на денот, бидејќи тоа ќе помогне во впивањето на влагата и ќе ја одржува кожата сува. Исто така е потребно да го посетите својот дерматолог кој ќе ви препише посебна крема за повлекување на оваа инфекција.

2. Иритација поради топлина

Зошто ја имате: Слободно обвинете го топлото време поради кое се потите повеќе од вообичаено, што пак, ви нанело иритација пропратена со чешање. До ова доаѓа поради затнување на потта во каналите, кои резултираат со црвенило и точки кои чешаат.

Како да се ослободите: Најефективен третман е да се движите на места каде што не е премногу топло. Исто така можете да нанесувате каламин лосион или пудра, за кожата да се смири.

3. Израстоци во вид на брадавици

Зошто ги имате: Ова е уште еден чест тип на иритација на кожата т.н. себороична кератоза. Тоа се бенигни израстоци кои потсетуваат на брадавици, кои понекогаш знаат да чешаат и да се иритираат.

Како да се ослободите: Овие израстоци не се опасни, па затоа не се потребни јаки третмани. Но, ако вам лично ви сметаат, бидејќи кожата се трие од нив и имате чудно чувство, можете да се обратите кај дерматолог за третман со течен азот, ласерски третман или хируршки зафат.

4. Брадавици

Зошто ги имате: Честопати на жените им се појавуваат брадавици во овој предел на телото поради триењето на градникот и кожата или пак кожа со кожа.

Како да се ослободите: Брадавиците може да се отстранат по хируршки пат, односно се едноставно сечење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар