Тајната е откриена: Дознајте што велат девојките за момчињата кои не им се допаѓаат

Понекогаш сите девојки се обидуваат да се уверат себеси и пријателките дека им се допаѓаат момчиња за кои воопшто не се заинтересирани. Тоа се случува кога ќе запознаат дечко кој е навистина одличен и сакаат да им се допадне, но тој едноставно не им буди никакви чувства колку и да се труди. За да се убедат себеси дека врската со него има иднина, тие почнуваат да го опишуваат со глупави и некреативни придавки. Со други зборови, тие едно мислат, друго кажуваат.

Тајната е откриена: Дознајте што велат девојките за момчињата кои не им се допаѓаат

Со текот на времето, девојките ќе сфатат дека тој дечко не е за нив и ќе ја прекинат врската. Сигурни сме дека сите сте го направиле ова некогаш во животот. Замислете си само колку време би заштедиле кога би биле искрени самите со себе! Доколку забележите дека го опишувате дечкото со кого се гледате со некои од овие придавки, престанете да се лажете себеси и соочете со вистината дека тој не ви се допаѓа…

„Многу е фин“

Превод: „Толку е здодевен што додека зборува, си замислувам како се фрлам од прозорец.“

„Многу е забавен“

Превод: „Мислам дека можеби е алкохоличар.“

„Многу е успешен во работата“

Превод: „Постојано зборува само за работата.“

„Доаѓа од добра фамилија“

Превод: „Мајка му ми се допаѓа повеќе од него.“

„Има супер друштво“

Превод: „Тој е најздодевниот во неговото друштво и се обидувам да сфатам зошто се дружат со него.“

„Многу е згоден“

Превод: „Толку е глупав што мене ме фаќа срам.“

„Многу е кул“

Превод: „Тој е најголемиот женкар на светот.“

Тајната е откриена: Дознајте што велат девојките за момчињата кои не им се допаѓаат

„Мислам дека многу му се допаѓам“

Превод: „Тој мене воопшто не ми допаѓа.“

„Нормален е“

Превод: „Не е воопшто возбудлив. Тој е најпросечниот човек на светот.“

„Добро се однесува со мене“

Превод: „Заслужувам подобро, ама ќе ја прифатам ситуацијава.“

„Има многу пари“

Превод: „Со него сум затоа што ме носи во луксузни ресторани и ми купува скапи подароци.“

„Паметен е“

Превод: „Не разбирам што зборува половина од времето и многу е арогантен.“

„Се однесува со мене многу подобро за разлика од мојот поранешен дечко“

Превод: „Го користам за да го преболам бившиот.“

„Секогаш можам да сметам на него“

Превод: „Нема поголем папучар од него.“

Ако и вие ги користите овие придавки за да го опишете момчето со кое се гледате, нареден пат пред да излезете на втор љубовен состанок со некого, обидете се да смислите барем една конкретна причина зошто сте заинтересирани за него. Но, доколку дечкото е фин, кул, забавен, доаѓа од добра фамилија, му се допаѓате и добро се однесува со вас, нема потреба за паника! Тој е одличен избор и треба да продолжите да се гледате со него.

Доколку не сте љубители на состанувањата, прочитајте ги овие 30 причини зошто новите генерации воопшто не одат на љубовни состаноци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар