Разберете го вашето его и срушете ја моќта што тоа ја има над вас

Разберете го вашето его и срушете ја моќта што тоа ја има над вас

Анализирајќи ја историјата и гледајќи во иднината, лесно можеме да заклучиме дека егото е централна фигура кај една личност. Незадоволното и посесивно его е она што најчесто го прави животот на еден човек да изгледа ужасен. Егото, односно она што личноста верува дека е, честопати е одговорно за многу непотребно страдање. Затоа, потребно е да се најдат начини за негово надминување и олеснување на непотребната болка.

24 моќни начини да го разберете и надминете вашето его

1. Егото не е лошо, туку едноставно е несвесно.

2. Егото е одговорно за интегритетот на личноста, за внатрешната благосостојба.

3. Егото ги следи само сопствените соништа и амбиции, па затоа често го загорчува животот.

4. Егото е составено од мисли, емоции, спомени (што личноста ги идентификува како „сопствена приказна“), несвесни улоги и колективна идентификација (национална, верска и слично). Поголем дел од луѓето целосно се идентификуваат со овие компоненти на егото и за нив нема ништо друго надвор од ова постоење.

5. Идентификувањето на егото со различни работи (предмети, сопственото тело на личноста, начинот на мислење), создава поврзаност на индивидуата со различни нешта. Егото го доживува своето постоење преку поседување одредени предмети.

6. Задоволството кое го носи чувството на поседување е кратко, па затоа егото обично е во потрага по нови предмети. Зад ова постои силна мотивација личноста да добие што е можно повеќе, чувствувајќи дека „сѐ уште не е доволно“, па е во бескрајна потрага за задоволување на ова чувство.

7. Понекогаш личноста ќе се идентификува со содржината на егото: Моја куќа, мој автомобил, мое дете, моја интелигенција, мое мислење и слично. Она со што се идентификуваа личноста е обликувано од околината и воспитувањето, односно, околината во која таа израснува.

8. Структурата на егото исто така ја сочинуваат и реченици од типот „Тоа е мое“, „Го сакам тоа“, „Тоа ми треба“, „Ова не е доволно“. Структурата на Егото се менува со текот на времето и се заменува со нови содржини.

9. Егото секогаш бара нешто поразлично, нешто што ветува поголемо задоволство и што ќе ја направи личноста комплетна.

10. Егото сака да поседува сѐ повеќе и повеќе и да станува сѐ помоќно. Повеќе знаење, повеќе верба и повеќе материјално богатство. Стекнувајќи ги сите овие нешта, тоа станува доминантно во човековиот живот.

11. Егото е обликувано од минатото и неговата структура е несвесен фактор што ја принудува личноста да го зајакне својот идентитет преку поврзување со некој надворешен објект.

12. Егото е ментално производство, систем на верувања.

24 моќни начини да го разберете и надминете вашето его

13. Егото се стреми кон своја заштита, одржување и продолжување. Тоа постојано се бори да остане „психолошки живо“, па ги доживува другите како ривали и непријатели.

14. Една од најважните стратегии со кои се одржува Егото е неговото верување дека е во право. Ништо повеќе не му дава моќ отколку признанието дека е во право. Токму тоа и му е потребно за да чувствува дека ги надминува другите и дека е супериорно.

15. Егото се зајакнува и преку жалењето. Кога друго его одбива да прифати дека егото кое се жали е во право, тогаш тоа е навреда за второто его, што пак ја зацврстува неговата самосвест.

16. Егото има намера да ги издигнува своите форми до бесконечност, што е невозможно. Оваа намера е извор на сите страдања, затоа што по одредено време неговиот свет на форми и облици ќе пропадне.

17. Целата наша култура и цивилизација се потпира на себичното и посесивно его и како што тоа ги создава институциите во општеството, истите се и еден вид изрази на егото.

18. Повеќето луѓе се идентификуваат со општествено условеното его. Кај голем број луѓе оваа идентификација е толку моќна што тие не се ниту свесни дека нивниот живот е управуван од страна на општествено условен ум.

19. Егото мора да доживее неуспех, иако тоа е спротивно на еволуцискиот развој на свеста.

20. Ако личноста е во состојба да ги забележи и набљудува функциите на егото, тогаш таа ќе биде во можност да го надмине.

21. Личноста мора да стигне до делот од умот што го контролира егото, бидејќи ако не го направи тоа, на крајот голем дел од неа ќе биде уништен.

22. Еден од начините за надминување на егото е личноста да не реагира постојано на менувањето на мислите и емоциите, туку наместо тоа да се сконцентрира на свеста.

23. Во состојба на чиста свест, личноста признава дека егото е измама.

24. Вистината е дека секоја личност е чудо родено во овој свет, а подоцна се губи помеѓу многуте учења и догми.

24 моќни начини да го разберете и надминете вашето его


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар