Супермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!

Супермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!

Иако на прв поглед чувствителноста ни се чини како слаба страна, сепак има и предности. Никогаш немојте да ги сметате чувствителните луѓе за слаби и немоќни бидејќи тие навистина имаат големо влијание врз другите и можат длабоко да продрат во нештата како никој друг. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така.

Супермоќи кои ги поседуваат сите оние кои се премногу чувствителни!

1. Ги впиваат туѓите емоции

Ја чувствуваат туѓата болка како нивна. Одат по улица и ја примаат енергијата на луѓето кои минуваат покрај нив, чувствувајќи ја нивната радост, тага, осаменост, гнев… Тие имаат моќ да ја впијат туѓата болка, да ја преобразат во љубов и добрина и да им ја вратат назад во прочистена форма.

2. Имаат јасна претстава за туѓите чувства

Чувствителните луѓе можат да ги препознаат чувства на очај, тага и копнеж дури и под превезот на насмевката и доброто расположение. Тие лесно продираат во туѓата душа и затоа се однесуваат со голема емпатија кон оние на кои вистински им е потребна.

3. Имаат моќ да ги детектираат туѓите лаги

Тие можат да препознаат кога некој лаже. Можеби нема да можат да објаснат како им успева во тоа, но едноставно можат да препознаат кога нешто не е како што треба. Затоа можат навремено да избегнат одредени луѓе или ситуации пред да настапат сериозни проблеми.

4. Нивните „сензори за енергија“ работат беспрекорно

Оние кои се особено чувствителни по природа имаат развиен сензор за туѓата енергија. Така, можат да влезат во соба и да почувствуваат дека тука се одвивала расправија само неколку минути пред да влезат. Кога запознаваат некого за прв пат, можат да претпостават за каква личност се работи. Тоа е бидејќи толку многу ја чувствуваат енергијата на местата, луѓето, предметите и природата што понекогаш остануваат вчудовидени доколку другите не успеат да ја препознаат.

Откако ја прочитавте нашата листа со супермоќи на сите кои се чувствителни, можеби ќе сакате да прочитате и 6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар