Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

Добро е да знаеме по некој трик кој ќе ни го олесни секојдневниот живот и ќе ни заштеди време и енергија. Ова се 13 супер трикови кои ќе ви помогнат во животот.

1. Може да ја украсите вашата тастатура лепејќи парченца селотејп во боја на секое од копчињата, што ќе ја направи поинтересна и разиграна.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

2. Ролната од тоалетна хартија може да ја употребите како помош при озвучување на вашиот телефон.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

3. Ставете неколку коцки мраз во сушарата за да немате изгужвани алишта.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

4. Кога ја загревате пицата во микропечка, ставете чаша со вода за да ја омекне кората на пицата и да може полесно да се џвака.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

5. Кога загревате остатоци од храна, поставете ја храната во чинијата така што ќе оставите еден празен круг на средина. Со помош на овој трик рамномерно ќе ја загреете храната.

6. Ако некој ги притисне сите копчиња во лифтот, може да се поштедите себеси од застанување на секој кат со притискање на секое од копчињата два пати.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

7. Замотајте наводенета хартија околу стаклено шише пред да го ставите во фрижидер. Вака пијалакот ќе биде сосем ладен за околу 15 минути.

8. Многуте кабли од електронските апарати во домот, може да ги организирате ставајќи самолеплива хартија на секој кабел, каде ќе биде напишана функцијата на кабелот и каде е поврзан. Така ќе го избегнете нередот и ќе заштедите време при вклучување и исклучување на каблите.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

9. Замрзнат сунѓер за капење натопен во вода и ставен во дебела затворена најлонска ќеса е одличен како ладна облога за повреденото место. Неговата предност е што водата нема да капе кога ќе почне да се одмрзнува.

10. Употребете ги калапите за мраз за да направите одлично ладно кафе. Филтер или инстант кафето внимателно претурете го во калапот за мраз, вратете го во замрзнувач и оставете да замрзне. Потоа коцките прелијте ги со млеко во чаша и уживајте.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

11. Издишувајте во моментите кога левото стапало ја допира земјата за да избегнете грчеви при трчањето.

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете

12. Прилагодете го вашиот телефон на авионски режим и неговата батерија ќе се наполни многу побрзо.

13. Сликајте ги вашите пријатели со предметот кој им го позајмувате за да не заборавите каде сте ги дале вашите предмети. 🙂

За уште корисни трикови кои ќе ви го олеснат животот, кликнете тука.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар