Супер мејкап совети за црнокоси и бринети

Поголемиот дел од жените се шминкаат рутински и веќе напамет ги знаат потезите и нијансите што ќе ги нанесат на нивното лице. Па така, тие можат да се нашминкаат дури и со затворени очи. Главно шминката секојдневно е иста, но се менува во погламурозна за некој посвечен настан како што е венчавка, роденден или пак некој друг вид прослава. Вашата боја на коса е нешто што ја опишува вашата личност, но имајте на ум дека шминката исто така треба да ја прилагодите според неа. Црнките и бринетите се послободни во експериментирањето со шминка за разлика од црвенокосите и русокосите. Ако имате потемна боја на коса, тогаш изберете шминка која ќе ве направи да изгледате посекси, но и која ќе ја промени вашата рутина во шминкањето.

1-super-soveti-za-shminka-za-crnki-i-brineti-www.kafepauza.mk_

1. Избор на сенка за очи

Најдобра шминка за бринетите е онаа во природни бои. Ако имате тен во боја на праска, тогаш користете кремасти, светли сенки во природни нијанси. За дневни излегувања избирајте беж боја, додека за вечерни – темно кафеава, а се препорачува жените со црна коса додатно да ги истакнат очите со ајлајнер. Црната маскара, исто така, додатно ќе ги истакне очите во комбинација со оваа шминка.

2-super-soveti-za-shminka-za-crnki-i-brineti-www.kafepauza.mk_

2. Кармин во светли бои

Жените со темна боја на коса ќе ги истакнатат усните со одбран кармин во нежно розова боја. Ако се одлучите за минимум шминка на лицето, доволно ќе ви бидат маскара и црвен кармин и секси изгледот е тука. Коралната боја на усни убаво изгледа на кафеавите очи и кафеава коса.

3-super-soveti-za-shminka-za-crnki-i-brineti-www.kafepauza.mk_

3. Пудра за лице

Кога е изборот на идеална пудра во прашање, најважна работа е да ја изберете онаа која е совршена за вашиот тип на кожа. Нијансата која совршено одговара со нијансата на вратот и лицето е совршен избор, но ако имате потемна коса, тогаш можете да изберете и малку потемни нијанси. Но, никако не го боете лицето со премногу темна пудра, бидејќи на тој начин тоа ќе се совпадне со бојата на вашата коса.

4-super-soveti-za-shminka-za-crnki-i-brineti-www.kafepauza.mk_

4. Руменило

Идеално руменило за бринетите е светло розовото или пак пастелно црвеното. Но, исто така, може да користите бронзер кој ќе му даде дополнителна свежина на вашето лице. Можете да користите и кафеави нијанси на руменило. Во несесерот е пожелно да имате руменило во боја на килибар, цимет и ќерамида.

5-super-soveti-za-shminka-za-crnki-i-brineti-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар