Дами, исплакнете ги очите: Холанѓани кои ќе ви го свртат паметот

Кој би помислил дека Холанѓаните се толку добри фраери? Ние исто така не можевме да поверуваме кога сфативме колку згодни момци имаат потекло од оваа земја. Некои од нив се актери кои сигурно ќе ги препознаете од разни филмови или серии, други се модели, додека пак трети се најдоброто што оваа земја може да го понуди. Па затоа дами, слободно исплакнете ги очите.

1-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_

Микел Хаузмен е еден од актерите кои се на добар пат да станат светски ѕвезди. Веќе го имаме забележано во серијата „Game of Thrones“, но и во филмот „Age of Adaline“. Сигурни сме дека овој холандски актер во иднина го чекаат уште многу сјајни улоги, кои ние со нетрпение ќе ги очекуваме.

2-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_

Тон Хеукелс е холандски манекен кој дефинитивно ги украде нашите срца. Освен тоа што е неверојатно сладок, Тон е моментално и еден од најпопуларните холандски модели.

3-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_

Егберт-Јан Вебер е талентирана холандска филмска ѕвезда во која ќе се заљубите на прв поглед. Не ни верувате? Доволно е само да ја погледнете неговата фотографија.

3-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk

Очите на актерот Оскар Ертс се така необично зелени што ќе останете без текст кога ќе погледнете во нив. А неговата насмевка? За неа, нема воопшто да зборуваме!

4-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk

Холандија е позната и по талентираните фудбалери кои често се прогласени за срцекршачи. Еден од нив е Дејли Блинд на чиј детски шарм нема да можете да останете имуни.

5-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk

Доколку досега не сте слушнале за фудбалерот Грегорија ван дер Вила, тогаш дефинитивно не знаете што сте пропуштиле. Но, никогаш не е доцна за да се научи лекцијата.

7-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk

Роџијер Варнава неодамна ја освои титулата за најубав маж во Холандија, а ние може да се согласиме со тоа, но и да додадеме – со полно право. А еве и зошто!

8-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_

Бадр Хари е кикбоксер со кој ниту еден маж не сака да влезе во караница, но секоја жена би сакала да влезе во неговиот личен простор и со прстите да ги допре неговите совршени мускули.

9-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk

 

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар