Спирулина – Еликсир за добро здравје и убавина

Автор: Кристина Лазаревска

Спирулината е едноклеточна слатководна алга која претставува извор на огромен број хранливи материи. Богата е со бета-каротин, железо, хлорофил и витамин Б12. Алгата е со спирален облик, има лековито дејство и е одличен додаток во исхраната особено за спортисти, лица кои закрепнуваат и постари луѓе. Со еден збор, таа е вистински чувар на здравјето и виталноста. Може да се конзумира како додаток во исхраната во вид на таблети или кога е во прав – да се пие растворена во вода. Се користи и во козметички цели како дел од многу маски за разубавување, за сушење акни и слично.

1-spirulina-eliksir-za-dobro-zdravje-i-ubavina-kafepauza.mk

Спирулината изобилува со многу благодати меѓу кои за најделотворни се сметаат следните…

Зајакнување на организмот и имунитетот

Спирулината го подобрува метаболизмот, го регулира нивото на шеќери во крвта, холестеролот и триглицеридите.

Значително помага при опоравување од операција или зрачење

Помага да се обноват клетките кои биле уништени во текот на зрачењето или оперативниот зафат. Го интензивира размножувањето на клетките во коскената срж и на тој начин го забрзува постоперативното закрепнување.

2-spirulina-eliksir-za-dobro-zdravje-i-ubavina-kafepauza.mk

Го зголемува нивото на железо во крвта

Железото кое го содржи спирулината, нашиот организам го искористува дури за 60% повеќе отколку од некои други индустриски произведени фармацевтски препарати за оваа цел. Затоа спирулината многу често се користи кај деца и трудници како најсоодветен препарат за подобрување на нивото на железо во крвта.

Помага во намалување или одржување на телесната тежина

Бидејќи содржи огромен број нутритивни вредности, кашата од спирулина може да замени еден оброк. Но, не многу луѓе ја конзумираат како таква бидејќи има специфичен мирис на риба.

3-spirulina-eliksir-za-dobro-zdravje-i-ubavina-kafepauza.mk

Козметички третмани

Спирулината исто така многу често се користи како извор на убавина. Подмладување, природно отстранување и сушење на акните, враќање на сјајот на лицето, потхранување и давање влажност на кожата… За оние кои сакаат да се уверат во благодатите кои ги пружа оваа чудотворна алга, еве еден рецепт за маска за освежување на лицето и враќање на неговиот сјај.

Потребни состојки:
  • 2-3 таблети спирулина (може да користите и прав)
  • 2 кафени лажички вода (доколку имате мрсна кожа)
  • 2 кафени лажички јогурт или павлака (доколку имате сува кожа)
Начин на подготовка и употреба:

Таблетите спирулина издробете ги за да добиете прав. Потоа додадете ја водата или јогуртот во зависност од тоа каков тип кожа имате. Нанесете ја смесата со прсти или со специјална четка за маска на чисто лице. Маската држете ја на лицето околу 15 минути додека не се засуши. По 15 минути исплакнете го лицето со млака вода.

4-spirulina-eliksir-za-dobro-zdravje-i-ubavina-kafepauza.mk

Спирулината може да биде ваш достоен чувар на здравјето и негувател на вашата убавина.

Предупредување: Спирулината не се препорачува на оние лица кои имаат бубрежни заболувања поради големото ниво на протеини што ги содржи, кои овие лица треба да ги избегнуваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар