Цитати коишто ја покажуваат приврзаноста на децата кон своите баба и дедо

Внуците се поврзани со своите баба и дедо на еден посебен начин. Кога родителите не се присутни, тука се бабите и дедовците да ја пружат својата љубов. Одгледувањето на втора генерација носи многу награди, меѓу коишто најголемата е одржувањето на семејството како целина. Спомените коишто ги носат внуците од моментите споделени со своите баба и дедо остануваат засекогаш. Бабите и дедовците се дел од нивните први осознавања за светот, притоа учејќи ги на вредни животни лекции.

За тоа колку е важен овој однос зборуваат и некои од наведените цитати.

„Нашите внуци нѐ прифаќаат онакви какви што сме, без прекорувања или желба да нѐ променат, онака како што никој во нашите животи досега не го направил тоа, ниту нашите родители, браќа и сестри, сопружници, пријатели, ниту пак нашите сопствени деца.“ – Рут Гуд

„Нешто магично се случува кога родителите преминуваат во баби и дедовци. Нивниот став ‘парите не растат на дрво’ се менува како тоа да станува вистина.“ – Пол Линден

„Внуците го пополнуваат просторот во вашето срце, оној што никогаш не сте знаеле дека е празен.“ – Непознат автор

„Релацијата на бабите со своите внуци е едноставна. Бабите кратко критикуваат и долго љубат.“ – Непознат автор

„Баба – прекрасна мајка со многу искуство.“ – Непознат автор

„На младите им треба нешто стабилно за што ќе се држат – култура, чувство за своето минато, надеж за нивната иднина. Најмногу од сѐ, ним им треба она што нивните баба и дедо може да им го дадат.“ – Џеј Кеслер

„Бабата и дедото се луѓе со сребро во косата и злато во срцето.“ – Непознат автор

„Бабата и дедото се чудесна мешавина од смеа, грижливи постапки, преубави приказни и љубов.“ – Непознат автор

А кој е вашиот омилен спомен од детството?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар