Откријте зошто сте дебели: Во кој тип спаѓате и како да се ослободите од вишокот килограми?

Прекумерната телесна тежина може да биде причинета од низа фактори. Научно е докажано дека постојат 6 видови дебелина и сите тие настануваат како резултат на различни причини. Проучете ги типовите и дознајте како да се ослободите од вишокот во делот од телото кој вам ви е најподложен на дебелеење.

otkrijte-zoshto-ste-debeli-vo-koj-tip-spagjate-i-kako-da-se-oslobodite-od-vishokot-kilogrami-kafepauza.mk

1. Дебелина предизвикана од храна

Овој тип е најзастапен во светот. Настанува како резултат на прекумерно внесување храна и шеќери. За да се ослободите од вишокот килограми едноставно треба да ја редуцирате исхраната и да вежбате најмалку 30 минути на ден.

2. Дебелина заради „нервозен“ желудник

Овој тип е предизвикан од анксиозност, стрес, депресија. Луѓето кои патат од овој вид дебелина, често внесуваат повеќе слатки во својот организам. Лекот? – Занимавајте се со повеќе физичка активност.

3. Глутенска дебелина

Главно е присутна кај жените во адолесценција, менопауза и при хормонски нарушувања. Многу е важно да се избегнува долго седење, пушење и алкохол. Исто така препорачливо е вежбање со тегови.

4. Атерогенична метаболична дебелина

Ако вашиот желудник е подуен, значи дека во тој дел од вашето тело се акумулираат масти. Најпогодени од овој вид дебелина се личностите кои конзумираат алкохол или оние кои имаат проблеми со дишењето.

5. Дебелина заради венска циркулација

Ова е генерално наследна дебелина. Настанува во текот на бременоста и кај лицата на кои им отекуваат нозете. Трчајте или вежбајте на скали, самото одење ја подобрува циркулацијата.

6. Неактивност

Ова е тип дебелина која ги погодува деловите од телото кои во минатото биле многу активни, на пример биле изложени на вежби и тренинзи кои се фокусирале на одредена група мускули. Клучот за елиминирање на овој вид масти е да не дозволувате предолги периоди без јадење, бидејќи тоа може да го забрза метаболизмот и да го натера телото побрзо да согорува.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар