Совршен викенд десерт: „Пијан“ пудинг од чоколадо

Совршен викенд десерт: „Пијан“ пудинг од чоколадо

Викендот е првенствено наменет за уживање, па затоа не сакаме да се заморуваме со комплицирани рецепти. Едноставните и вкусни варијанти се нешто за што особено се радуваме!


Денес ви предлагаме да ги соберете вашите најмили и да ги почестите со многу едноставен и вкусен „пијан“ пудинг од чоколадо. Иако при подготовка на пудинг всушност сме навикнати на готови мешавини што може да се купат во продавниците, правењето домашен пудинг не одзема многу време и освојува со вкусот.

Совршен викенд десерт: „Пијан“ пудинг од чоколадо

Потребни состојки:

  • 200 г чоколадо за готвење
  • 550-600 милилитри млеко
  • 30 г густин
  • 20 г шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • малку сол
  • малку цимет
  • 1 лажица овошен ликер по желба

Начин на подготовка:

  1. Како прв чекор, потребно е да се растопи чоколадото во приближно 500 милилитри млеко, а во останатото млеко и да се растопат густинот, ванилиниот шеќер, обичниот шеќер и солта.
  2. Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ја смесата со густин во таа со чоколадото и добро измешајте да не се формираат грутки.
  3. Варете додека пудингот не се згусне и пред да биде готов, додајте цимет и ликер по желба и вкус. Кога пудингот ќе биде готов, истурете го во соодветни чинии или чаши и оставете го неколку часа во фрижидер.
  4. Ако сакате, пудингот можете да го декорирате со шлаг, коцки чоколадо, овошје или по избор.

Можеби ќе сакате да ги пробате и овие мафини со вкус на ванила и карамела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар