Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

Кога за прв пат се кажува „те сакам“ тоа има различно значење од она кое се кажува после неколку месеци, па и години од врската. Во меѓувреме растете заедно со партнерот, созревате, различно ги чувствувате работите во животот па затоа и дефиницијата на овој израз се менува. Што, всушност, значи тоа во секој дел од врската?

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

3 месеци: „Интересно ми е со тебе/врската оди во добра насока.“

Три месеци не се долг период за врска која може долго да се развива. Во овој период тоа е како да кажувате дека ви се допаѓа новата личност во вашиот живот и она што тој/таа го има во себе.

4 месеци: „Може да пробаме некоја нова поза во кревет.“

Веќе се чувствувате послободно со партнерот, си верувате еден на друг и сте спремни слободнo да си ги кажете фантазиите и да ги испробате со него/неа. Тоа се работи кои не би ги пробале со секого. Во оваа фаза „те сакам“ може да се преведе како благодарност за тоа што тој/таа ве вади надвор од зоната на комфорот.

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

5 месеци: „Важен/на си ми.“

Иако сè уште се прашувате дали ќе ви биде скршено срцето, веќе знаете дека сакате партнерот да заземе поважно место во вашиот живот. Кажувањето „те сакам“ е повик тој/таа да го стори тоа.

6 месеци: „Супер ми е со тебе.“

Во оваа фаза со изјавата на љубов кажувате дека ви се допаѓа личноста во која сте се претвориле поради партнерот и дека сте среќни во врската. Се радувате на секој нов ден со него/неа и се чувствувате преубаво поради тоа. Го обожавате новото секојдневие.

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

7 месеци: „Сакам сè да делам со тебе.“

Чувствата се сè посилни и посилни. „Те сакам“ значи „сè што е твое е и мое и сè што е мое е и твое“. Веќе не е важно кој плаќа ручек, дали и тој/таа ви подарил нешто за да ви врати на вашиот подарок и сл. Вие полека почнувате да станувате едно.

8 месеци: „Не сакам да се карам со тебе.“

Веројатно до сега веќе сте ја имале и првата голема караница со многу викање. Кажувањето „те сакам“ овој пат значи дека не сакате до го/ја загубите. Сега можете да го преведувате како „не сакам да те изгубам“.

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

9 месеци: „Ти си мојот најдобар другар.“

„Те сакам“ сега е многу посериозно нешто. Тоа веќе не значи „ти си супер личност“ или „и јас сум супер покрај тебе“, туку „ти со мојот најдобар пријател“. Сега веќе не станува збор само за тоа како вие се чувствувате покрај него/неа, туку и за она што вие можете да го дадете.

1 година: „Ти си мојот свет.“

Веќе сте едно со партнерот. Не можете да го замислите својот свет без него/неа. Изјавувањето љубов ви изгледа како нешто најприродно што постои.

(6) Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

2 години: „Размислувам за заедничка иднина.“

Љубовта веќе не е оптоварена со вашето минато, туку е целосно насочена кон иднината. Веќе не ве плаши помислата дека остатокот од животот може да го поминете со само еден маж/една жена. Ова „те сакам“ значи нешто повеќе – дека сакате да изградите целосен живот со овој партнер.

3 години, се вселувате заедно: „Сакам да се омажам/оженам со тебе.“

Сега веќе сте сигурни дека сакате целиот ваш живот да го поминете со оваа личност. Сакате со неа да делите дом, адреса, презиме, сè…

4 години, веќе во брак: „Неописливо“

Ова „те сакам“ има свое големо значење, но тоа не може да се опише со зборови. Доволно е што вие и партнерот си знаете дека е нешто прекрасно.

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар