Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

Според истражувањата спроведени од телата на Обединетите Нации дури 4% од светското население има пробано марихуана, што ја прави најчесто употребуваната дрога во светот. Има уште повеќе луѓе кои ја поддржуваат нејзината легализација и тоа е нешто кое веќе се остварува во некои земји. Сепак, дебатата помеѓу оние кои ја подржуваат и оние кои се против и понатаму е жестока и веројатно така ќе остане уште долго време.

Главниот аргумент на оние кои се против легализацијата е тоа што според нив „таа предизвикува зависност која потоа може да се претвори во зависност од други дроги, а законот треба да го заштити здравјето на луѓето“. За да се добие појасна слика околу нејзините ефекти и тоа колку навистина е поштетна во споредба со други штетни, но легални работи како алкохолот и брзата храна на пример, неврологот Џошуа Гоуин ги собрал сите релевантни студии на едно место. Потоа направил преглед и на краткотрајните и на долготрајните ефекти врз мозокот.

Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

1. Краткотрајни ефекти

Нарушена меморија

Марихуаната не може да ви го избрише она што веќе сте го запомниле, но може да ве спречи да памтите онака како што би можеле без неа. Таа најмногу влијае на делот кој е задолжен за меморирање и го нарушува секој нејзин процес кој се обидува да создаде нови работи во паметењето.

Намалена вознемиреност

Над група пациенти со мултиплекс склероза бил направен експеримент така што им бил направен третман со марихуана и дури 89% од нив покажале намалено ниво на анксиозност после пушењето. Други истражувања покажале дека кога состојките од марихуаната ќе стигнат до мозокот, тие праќаат сигнали дека постои намалена опасност од работи кои обично предизвикуваат страв.

Нарушена моторна активност

Марихуаната најлесно влијае на делот од мозокот кој што е одговорен за моторната активност. Затоа марихуаната, исто како и алкохолот, предизвикува проблеми со движењето и е штетна ако се зема пред возење автомобил. Проценките се дека шансите за сообраќајна несреќа под дејство на марихуана се четири пати поголеми отколку кај трезен човек.

Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

Поголем апетит

Марихуаната поттикнува излачување на одредени хормони кои што го стимулираат апетитот. Оттаму и верувањето дека оние кои користат марихуана се склони кон брза храна.

Зголемен број на отчукувања на срцето

Марихуаната може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето во една минута и до 50%, а со тоа и да го зголеми ризикот од срцев удар за 4,8 пати во првиот час по пушењето.

Промени во спиењето

Гоуин нагласува дека не постојат цврсти докази дека канабисот предизвикува промени во спиењето, освен тоа дека корисниците поминуваат помалку време во РЕМ фазата и затоа помалку сонуваат. Постои верување дека пушењето предизвикува проблеми со заспивањето, но доказите кои постојат во моментов не можат да ги исклучат сите други опции.

Намалена болка

Голем дел од нервните клетки во нашиот организам кои испраќаат пораки до мозокот во врска со болката реагираат на марихуаната и подоцна „сфаќаат“ дека се случува нешто кое може да ја предизвика.

Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

2. Долготрајни ефекти

Ризик од зависност

Погрешно е тврдењето дека пушењето марихуана ќе ве стави на патот кон зависноста од дроги од кој нема враќање, но дел од корисниците завршуваат и таму. Некаде околу 10% од сите корисници на марихуана стануваат и зависници од неа, и тоа во првите четири години од започнувањето. Од оние кои се обидуваат подоцна да ја излечат зависноста успеваат само околу половина од нив, при тоа манифестирајќи депресија и анксиозност при откажувањето.

Промени во развојот на мозокот

Според Гоуин тешко е да се испитаат промените во мозокот кои марихуана ги предизвикува кај луѓето поради тоа што таквите експерименти врз луѓето би биле неетички. Оние истражувања кои се спроведени укажуваат на тоа дека таа не може да го уништи мозокот, но оние што ќе почнат редовно да пушат уште во тинејџерските години ризикуваат одредени промени во мозокот кои негативно се одразуваат на нивната способност за памтење и коефициентот на интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. kristina Reply

    kaj kje ti odi dushata posle ova ne mi e jasno

Остави коментар