Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

Интервјуата за работа се еден вид натпревар. Се прашувате како токму вие да победите во „морето“ од дипломирани и магистрирани луѓе? Не губете надеж! За секого има место во овој свет. Она за кое треба да се борите е да се прикажете себеси во најдоброто можно светло, но притоа да не делувате премногу ентузијастички настроени.

Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?Секое интервју е различно искуство, па затоа обидете се да го „прочитате“ говорот на телото и фацијалните експресии на вашиот соговорник додека зборувате. Дали тој/таа ве гледа во очи додека вие се обидувате да ѝ придадете значење на некоја ваша способност или карактерна особина? Тоа е обично добар знак. Дали тој што ви го прави интервјуто вообразено се потсмевнува, го трга погледот од вашите очи и се потпира со грбот на столот? Тоа не е добар знак.

Во продолжение следуваат 5 клучни работи кои не смеете да ги занемарите во текот на интервјуто.
.

1. Страст за работата

Дајте му на знаење на вашиот потенцијален шеф дека со голема страст и волја ќе ги извршувате вашите работни обврски. Последното нешто кое работодавачите го сакаат, е вработен кој работи само за да преживее или за да се испроба во конкретната област.
Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

2. Човечки капитал

Одењето на работа не е исто што и стажирање, а тоа значи дека работодавачот не сака да слушне дека вие сте аплицирале да работите во неговата фирма затоа што сте сакале нешто да „научите“. Она што сака да го чуе, е дека вие поседувате одредени квалификации, способности и квалитети кои ќе му донесат поголема заработувачка. Сè што треба да направите, е да го убедите шефот дека компанијата ќе има голема полза од вас.

3. Комуникативност

Квалитет број 1 според работодавачите е вештината за ефективна комуникација на своите вработени. Способноста за јасно изразување на вашите идеи и перспективи на колегите и на надворешните соработници е од мошне големо значење за вашиот работодавач.
Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

4. Брзо учење и напредување

Доколку вчера сте излегле од академските клупи, невозможно е да имате големо работно искуство зад себе. Бидејќи работодавачите се по малку скептични за вработување на луѓе без искуство, вие ќе мора да го убедите вашиот потенцијален газда дека доволно би ви било одредена задача еднаш да ви биде објаснета, за потоа самостојно да се усовршувате во извршувањето на истата.
Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

5. Практичност

Повеќето луѓе кои штотуку дипломирале едвај чекаат да ја пронајдат првата вистинска работа и да „скокнат“ во својата позиција со полна пареа. Ентузијазмот е двигател на мотивацијата на вработените, но преголемото возбудување може лошо да биде сфатено од страна на работодавачите. Тие тоа го доживуваат како особина на младите да избрзуваат со ветување работи кои не можат да ги исполнат. На тој начин, многу е важно да го уверите вашиот потенцијален работодавач дека ќе ги исполнувате вашите работни задачи служејќи се со вашата здрава логика, реалистичност и практичност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Горан Митев Reply

    Или извади си партиска книшка и не се замарај со ништо од горенаведеното.

Остави коментар