Што кога мајката има страв дека второто дете нема да го сака подеднакво како и првото?

На оваа тема многу малку се зборува, но сепак овој страв постои кај поголемиот број мајки кои се трудни со своето второ дете. Станува збор за страв кој не дозволува да веруваме дека е возможно второто дете да се сака исто како првото.

Што кога мајката има страв дека второто дете нема да го сака еднакво како и првото?

Во моментот кога ќе се роди првото дете, сите мајки помислуваат на една иста работа, како е невозможно два пати во животот да се осети таква љубов. Па затоа, воопшто не нè изненадува тоа што мајките за време на втората бременост чувствуваат страв дека едноставно нема да можат да го сакаат второто дете исто како и првото. Доколку сте една од тие жени кои моментално минуваат низ ваква ситуација, треба да знаете дека не сте единствени и дека тоа чувство не ве прави лоша личност. Тоа се нормални емоции низ кои морате да поминете.

Покрај сето тоа, треба и да се справите со емоциите на постарото дете кое исто така поминува низ тежок период, бидејќи тоа досега било центар на вашиот свет, а сега доаѓа некое бебе со кое треба да ве дели. Поради ова, повеќето мајки се чувствуваат како да го изневеруваат своето постаро дете.

За време на бременоста посветете се што е можно повеќе на постарото дете, подгответе го за улогата на постар брат или сестра и уверете го дека вашата љубов кон него никогаш нема да се намали.

Што кога мајката има страв дека второто дете нема да го сака еднакво како и првото?

Кога е во прашање љубовта кон второто дете, сите ваши сомнежи ќе исчезнат по породувањето, кога хормоните ќе се вратат во нормала и кога ќе го донесете своето бебе во вашиот дом. Посебна врска ќе почувствувате помеѓу вашите деца, а ќе знаете дека сте ја направиле вистинската работа кога ќе видите како постарото дете го милува, бакнува и внимава на помалото дете. Тоа се моменти кои не можат да се опишат со зборови.

Почитајте и како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар