Што ќе се случи ако земате премногу мелатонин?

Што ќе се случи ако земате премногу мелатонин?

Ако имате проблем со заспивањето, мелатонинот ви е можеби најдобриот пријател. Кога не ви помага првата доза, веројатно помислувате да земете уште една. Но пред да го направите тоа, важно е да знаете што се случува ако земате премногу мелатонин.

Што ќе се случи ако земате премногу мелатонин?

Мелатонинот е хормон кој природно се лачи во телото. Додека земањето премногу мелатонин како додаток нема да ве убие, сепак постојат некои несакани ефекти. „Премногу“ мелатонин е нејасен поим, и тоа со причина. Дозите варираат помеѓу разните брендови, а чувствителноста на хормонот е различна кај сите. Кај возрасните, дозата над 30 милиграми може да биде опасна. Најчестата доза за возрасни е помеѓу 0,2 до 5 милиграми, но обрнете внимание како навистина се чувствувате.

Најизненадувачки несакан ефект од земањето премногу мелатонин е хиперактивноста, која е сосема спротивно од она што сакате да го постигнете. Исто така може да се појават раздразливост, главоболки, вртоглавица, проблеми со цревата, болки во зглобовите, анксиозност и претерано спиење. Ако прв пат земате додатоци со мелатонин, експертите советуваат да почнете со најмалата доза и да видите како ви делува.

Мелатонинот е додаток во исхраната, а не лек, па не е регулиран од Администрацијата за храна и лекови. Ова може да го отежни интерпретирањето на резултатите од истражувањата поврзани со хормонот бидејќи тие не ја наведуваат неговата формулација. Мелатонинот е безбеден доколку се зема во пократок период, но не постојат никакви истражувања за долгорочната безбедност. Па, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да се одлучите да земате мелатонин. Важно е да го третирате како и секоја пилула за спиење што би ја користеле под надзор на вашиот лекар.

Иако не можете да станете зависни од мелатонин, сепак има потенцијал да реагира со одредени лекови како оние против коагулација, за крвен притисок, антидепресиви, лекови за дијабетичари, некои видови контрацепција и слично. Покрај тоа, додатоците со мелатонин не се препорачливи за луѓето со автоимуни болести.

Земањето мелатонин може да предизвика поживи соништа, па дури и кошмари. Научниците сметаат дека не е самиот хормон одговорен за соништата, туку подлабоката РЕМ фаза што ја предизвикува, а на којашто не сте навикнати. Обидете се да дознаете што можете да очекувате за да не бидете исплашени.

За крај, без разлика што мелатонинот не се гледа како лек, не значи дека не треба да го третирате така. Секогаш користете го според упатството и не заборавајте на советите од вашиот лекар.

Знаевте ли дека некои видови храна предизвикуваат живописни соништа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар