Што да направите кога ви се распаѓа животот?

Што да направите кога ви се распаѓа животот?

Ненадејна болест, предизвици на работното место, тага, финансиски проблеми… Кога станува збор за животот, никој не е имун на неговите удари. Секој се соочил со лоши ситуации, а некои повеќе од другите. Но што всушност треба да направите кога ви изгледа како животот да ви се распаѓа?

Што да направите кога ви се распаѓа животот?

Без разлика за колку силна личниот се сметате, одвреме-навреме некои работи ќе направат да се чувствувате изгубено. Најважно од сè е да знаете дека не сте сами. Потоа добро размислете за следниве стратегии кои можат да ве спасат и да ве вратат на правиот пат.

1. Понекогаш добрите нешта се распаѓаат за да настанат нови и подобри

Не ги заборавајте овие зборови. Кога ќе доживеете нешто лошо, дали некогаш сте се запрашале што добро може да излезе од тоа? Иако во овие мигови не се чувствувате така, понекогаш можеби животот ви прави место за нешто подобро. Кога добро ќе размислите ќе сфатите дека во секоја несреќа постои причина да се чувствувате добро. Може да станува збор за важна животна лекција, личен развој, нов однос и слично. Сепак, сè се случува со причина.

2. Болката е неизбежна, страдањето е опција

Факт е дека болката во животот е неизбежна, но страдањето секогаш ви е опција. Кога ќе се соочите со болка, вие одредете како ќе реагирате за време на лошото искуство и по него. Многу луѓе прават грешка и ја кријат нивната болка. Иако оваа реакција е сосема природна, со неа само го продолжувате страдањето. Научете да ги прифаќате вашите чувства, а кога ќе дојде време одлучете дали ќе страдате или ќе продолжите со вашиот живот.

3. Вчера е минато, утре е мистерија, а денес…

Безброј пати имате слушнато дека нема поголем дар од сегашниот момент. Ако се чувствувате изгубено, обрнете внимание на сегашниот миг. Дали дишете? Дали чука вашето срце? Ако одговоривте потврдно, тогаш ви оди одлично. Кога животот ќе ви приреди нешто лошо, вашиот единствен проблем би требало да биде овде и сега. Кога чувствувате дека сè е надвор од вашата контрола, секогаш имајте на ум дека постои едно нешто во коешто можете да верувате – сегашниот момент.

4. Ако нешто не ви се допаѓа променете го, ако не можете, променете го вашиот став

Вие сте креатор на вашиот живот и мора да преземете одговорност за вашите чувства. Во свет каде што сè изгледа надвор од ваша контрола, можете да контролирате едно нешто – вашите зборови. Вашите зборови одредуваат како ќе се чувствувате. Ако сте несреќни, променете го тоа со вашите зборови. Дури и најмалиот позитивен збор може значително да ви го подобри расположението.

Погледнете кои се верувањата што ја прават среќата уште понедостижна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар