Истражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен фактор

Причината за над 50% од повторливите спонтани абортуси останува неодредена, па паровите често остануваат само со прашања. Но едно ново истражување од Кралскиот Колеџ во Лондон тврди дека постои сокриен фактор кој со децении бил занемаруван.

Истражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен фактор

Според истражувањето, квалитетот на спермата можеби има улога во повторливите спонтани абортуси, со тоа спротивставувајќи му се на тврдењето дека проблемот е воглавно кај жените.

Повторливите спонтани абортуси се случуваат кај 1 во 50 парови во Велика Британија и се дефинирани како 3 спонтани абортуси пред 20-та гестациска недела. Обично не се прегледуваат машките партнери бидејќи воглавно се мисли дека проблемот е со здравјето на жената.

Ова истражување дало многу докази кои укажуваат дека здравјето на спермата го одредува здравјето на бременоста. Некои претходни истражувања покажале дека спермата има важна улога во формирањето на плацентата.

Анализирајќи примероци од 50 мажи чии партнерки страдале од повторливи спонтани абортуси и 60 мажи чии партнерки го немале овој проблем, истражувачите нашле врска помеѓу абортусите и здравјето на спермата. Сè уште не е јасен механизмот зад ова, но се покажало дека спермата на оние мажи чии партнерки имале спонтани абортуси имала 2 пати повеќе оштетување на нејзината ДНК.

Како и обично, потребно е дополнително истражување за овие откритија, но благодарение на овие резултати научниците се надеваат дека ќе им помогнат на паровите кои не можат да имаат деца.

На медицината ѝ било потребно долго време да сфати дека здравјето на спермата има улога во спонтаните абортуси и дека проблемот не е само кај жената. Сега се знае дека и двајцата партнери придонесуваат за повторливите спонтани абортуси, па најверојатно ќе се најде и решение за овој проблем.

Погледнете и кои се митовите за спонтаните абортуси во кои треба да престанете да верувате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар