Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

Секој ден, сите со нетрпение го очекуваме моментот кога ќе најдеме малку време да се опуштиме. Но, иако нашето тело е подготвено да го стори тоа, нашиот мозок сѐ уште работи 200 на час. Психолошки, транзицијата од стресните ситуации до мирната и опуштена состојба е голем предизвик за организмот. Можеби звучи контрапродуктивно, но, според експертот за медитација и релаксација д-р Херберт Бенсон, тренирањето на мозокот да се ослободи од секакви мисли е клучно за да го подобрите квалитетот на спиењето и да се разбудите свежи и подготвени да се соочите со новиот ден. Во продолжение прочитајте за 3-те најефикасни начини да го опуштите вашето тело, но и вашиот ум.

Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

1. Завршете го денот

Пред да го напуштите работното место или обврските, одвојте 5 минути за да ги пополните сите дупки кои сте ги пропуштиле во текот на денот. Така го осигурувате вашиот мозок дека нема потреба да продолжи да ги скенира сите недостатоци во текот на ноќта.

2. Вежбајте да го следите природниот тек на настаните

На овој начин ќе бидете многу поефикасни во извршувањето на дневните задачи и нема да го изгубите својот фокус. Атлетичарите знаат дека овие ритуали се најважни за добриот перформанс. Земете воздух и полека издишувајте, разгледајте наоколу, растегнете се, движете се, гледајте низ прозорецот и обновете ја енергијата.

3. Одвојте време за опуштање

Исто како што ритуалите пред спиење им помагаат на децата, така релаксацијата им помага на возрасните да се ослободат од стресот. Постојат многу начини да го направите ова, од обични вежби за дишење и медитација до краткотрајни прошетки низ паркот, топли купки и музика. Клучот е да изберете една рутина која ви се допаѓа и редовно да ја практикувате со цел да го научите вашиот мозок дека тоа време е наменето за опуштање.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар