Сексуален биоритам: Погледнете го часовникот пред да тргнете во акција

Сексуален биоритам: Погледнете го часовникот пред да тргнете во акција

Сексолозите тврдат дека еден од најважните фактори е периодот од денот во кој избирате да имате секс со партнерот. Затоа, пред да тргнете во акција, погледнете го часовникот, а прочитајте подолу зошто е тоа така.

Сексуален биоритам: Погледнете го часовникот пред да тргнете во акција

Од 6 до 8 часот наутро

Според сексуалните експерти, треба да знаете дека женското тело сè уште не е будно помеѓу 6 и 8 часот наутро, а тоа значи дека сè уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонин е премногу високо, а температурата на телото не е доволно висока. Мажите се многу возбудени од 6 до 8 часот, па затоа жените во тоа време не може да очекуваат ништо повеќе од секс на брзина.

Од 8 до 10 часот

Ситуацијата се менува од 8 до 10 часот кога жената е веќе будна и подготвена. Нивото на ендорфин се зголемува, така што не ѝ треба многу време за да се возбуди, но тогаш мажите веќе се фокусирани на работата, така што е малку потешко да ги заинтересирате.

Од 10 до 12 часот

Периодот помеѓу 10 и 12 часот е идеален за орален секс затоа што рецепторите за вкус кај жените се многу остри. Мажот го поминува овој период од денот во релаксирање и во размислување, па дури и за секс, но тој нема да иницира ништо.

Од 12 до 14 часот

Иако жените од 12 до 14 часот се многу активни, тоа не е поврзано со сексот. Во тој период, мажите се многу расположени за секс, но тешко дека дамите ќе бидат доволно заинтересирани за сексуален однос.

Од 14 до 16 часот

Периодот помеѓу 14 и 16 часот е најдобар за зачнување. Женскиот репродуктивен систем е подготвен за тоа, а машката сперма е со највисок квалитет околу 16 часот.

Од 16 до 18 часот

Многу жени не се заинтересирани за секс помеѓу 16 и 18 часот, но на некои не им пречи сексот на брзина ако мажот е подготвен за акција.

Од 18 до 20 часот

Од 18 до 20 часот, мала е веројатноста дека некој од партнерите ќе биде расположен за секс затоа што двајцата се трудат да ја вратат енергијата што ја изгубиле во текот на денот.

Од 20 до 22 часот

Сексолозите тврдат дека периодот помеѓу 20 и 22 часот е идеален за лесна вечера и за сексуален однос. Жената е полна со енергија и е подготвена за иницијатива, додека мажот е расположен да ги исполни желбите на партнерката.

По 22 часот

По 22 часот, телото на жената паѓа во длабок сон и сексуалноста опаѓа. Мажот се чувствува многу поопуштено во тоа време, но сè уште не е поспан.

Прочитајте како да ги зачините работите во спалната соба и испробајте ги овие 5 пози што се во тренд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар