Играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?

Играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?

Ако спаѓате во групата родители кои се борат да престанат да натрупуваат играчки во својот дом, експертите имаат добри вести за вас. Тие советуваат дека патувањето и новите искуства имаат подобро влијание врз развојот на децата отколку скапите играчки.

Играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?

Одењето на одмор е голема инвестиција во развојот на детскиот мозок. Кога одите на семеен одмор, вежбате два генетски интегрирани системи што се наоѓаат длабоко во лимбичниот дел на мозокот, а овие делови ретко се вежбаат дома. Тие системи се системот на игра и системот на истражување.

Благосостојба и среќа на децата

Според психијатарот Сандерленд, системот на игри во мозокот се вежба секој пат кога детето ќе го оставите да игра во песокот, кога ќе го фрлите во базен или кога ќе го носите на грб. Системот за истражување се вежба секој пат кога истражувате заедно.

Вежбањето на овие два системи го стимулира растот на фронталниот лобус. Тој дел од мозокот е задолжен за когнитивното функционирање, за решавањето проблеми, за емоционалното изразување, за помнењето, за јазиците и за проценките. Колку повеќе ги тренирате овие системи, толку посилни ќе станат вашите деца.

Кога ќе ги однесете вашите деца на годишен одмор, тие имаат можност да го истражуваат местото. Ова го активира нивниот систем за истражување. Активирањето на овие системи преку семејни одмори придонесува за целокупната среќа и благосостојба на детето.

За време на овие активности, во мозокот се ослободуваат неврохемиски супстанции како што се допамин, окситоцин и опиоиди. Овие супстанции го стимулираат чувството на блискост во врските, го намалуваат нивото на стрес и им помагаат на децата да се чувствуваат подобро и побезбедно.

Истражувачите дошле до заклучок дека повеќето луѓе се чувствуваат сакано кога се во интеракција со други луѓе, а не кога добиваат подарок. Малите позитивни моменти, убавите зборови и прегратките ги тераат луѓето да се чувствуваат сакано. Семејните одмори се одлична можности за интеракции исполнети со љубов затоа што семејството е далеку од секојдневните обврски.

За следниот роденден на вашето дете, наместо играчки, размислете да му подарите семеен одмор. Можете да побарате и од другите луѓе (од бабите и од дедовците) да учествуваат во финансирање на семејниот одмор наместо да купуваат играчки. Спомените од времето што го поминувате заедно ќе траат многу подолго од која било играчка.

Прочитајте ја оваа руска поучна приказна за родителите и за среќата на нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар