Секси навики кои може да ги сретнете кај мажите над 25 години

Секси навики кои може да ги сретнете кај мажите над 25 години

Навиките ја прават разликата помеѓу момче и маж. Кога сте во врска со момче, имате возбудливи периоди и никогаш не ви е досадно. Во одреден период од животот можеби ќе ги одбирате најатрактивните момци за ваши партнери и важна ќе ви биде само добрата забава.

Но, со тек на време вредностите се менуваат. Во моментот кога ќе почувствувате дека треба да ја смирите топката, побарајте маж кој ќе ги има следниве карактеристики, кои се навистина секси:

1-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mk

Тие знаат да ви дадат голем, дебел, сочен комплимент

Момчињата често прават голема грешка со тоа што не им даваат комплименти на своите партнерки и токму напротив, намерно ги понижуваат мислејќи дека така тие ќе останат со нив затоа што и немаат некој голем избор. Но, тоа е најлошиот избор. Она што ги прави девојките сигурни во една врска се големите сочни комплименти од страна на нивните партнери – тоа е одлика на вистинските мажи.

Великодушност

Не од финансиска гледна точка, туку великодушност која се однесува на некој кој сака да го сподели она што го има со луѓето кои ги сака. Ваквата особина е индикатор за понатамошна долга врска. Тој е човек кој сака да го сподели времето, љубовта, трпението со вас – а тоа го прави одличен партер.

Тие ви кажуваат точно што сакаат

По години и години кежуал состанување со разни момци, конечно се возбудувате кога ќе наидете на човек кој веќе ги надраснал ваквите игри. Кога вашиот партнер знае што сака и тоа јасно ви го кажува, неговиот статус веднаш се менува од момче во маж. И тоа е тотално секси.

Тој е (или би бил) добар татко

Има ли нешто посекси од маж кој знае да биде навистина добар татко?! Кога ќе дојде време за деца и ќе го видите како се грижи околу тоа „мало човече“, тогаш ќе ги забележите неговите најдобри особини: емпатија, трпение, посветеност, одвреме-навреме и смисла за хумор, како и уживање во малите нешта. А со тоа ќе сфатите колку сте среќни што го имате него покрај себе.

2-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mk

Тие можат да ги поправат работите

Тоа е разликата помеѓу момче и маж. Мажите си ги решаваат своите проблеми и важно е што повеќе не бегаат и не ги игнорираат проблемите туку се соочуваат со нив.

Тука се во тешки времиња

Во моменти кога ништо не ви оди и имате лош период, потребена ви е поддршката на партнерот. Во таквите темни периоди можни се две сценарија, или да се чувствувате уште поосамено и депресивно затоа што вашиот партнер не ве разбира и со тоа ви одмага. Или пак, да ве изненади со љубовта и грижата кон вас. Второво сценарио е показател за веќе пораснат маж.

Ќе прослават за вас

Човек кој сака да го прослави вашиот успех е дефинитивно човек кој вреди да го имате покрај себе. Тие не се повлекуваат поради вашите успеси, не се натпреваруваат со вас и не се чувствуваат несигурно покрај вас. Животот е прекраток за да си дозволите да бидете со некој кој не сака да ги прослави вашите успеси.

3-seksi-naviki-koi-moze-da-gi-sretnete-kaj-mazhite-nad-25-godini-kafepauza.mk

Тој има свои интереси

Нема ништо посекси од маж кој им сопствен живот со свои интереси и хоби и покрај тоа одбрал да биде со вас. Нема потреба да ви се јави милон пати додека сте излезена со пријателките, затоа што ви верува и затоа што не седи само дома да ве чека. Што и да е неговото хоби или занимање – графички дизајнер, вежбање во теретана, учење јазици – сето тоа е одличен напредок. Тоа значи дека тој сака да биде подобар, а вие знаете дека постојат милион причини зошто вашето заедничко живеење ќе станува сè подобро и подобро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар