Секс после 40-тите: 5-те најголеми промени во интимноста

Сексот не е секогаш секс. Како што и секоја врска ѝ подлежи на промени, се менуваат и нештата во креветот. Погледнете кои се промените што можете да ги очекувате кај сексот после 40-тата година.

Секс после 40-тите: 5-те најголеми промени во интимноста

1. Ќе имате помала желба за секс

Кога ќе наполните 40 години, постепено ќе почне да ви се менува нивото на хормони. Ова може да ја намали желбата за секс кај жените. Исто така може да ви биде потребно повеќе време да се подготвивте, односно да настане сувост на вагината. Притисокот можете да го намалите со помош на лубриканти. Покрај тоа, разговорот со партнерот ќе ви помогне да најдете начин и двајцата да уживате во сексот.

2. Забременувањето е потешко

Како што старее жената, се намалува квалитетот и бројот на јајце клетки. Поради тоа, станува навистина потешко да останете бремени во втората половина од животот.

3. Оргазмите се почести

Постои мит дека повозрасните жени не можат да доживеат оргазам. Имено, колку е постара жената, толку е поискусна и поотворена. Поради ова не е ограничена или под стрес за време на сексот, туку едноставно ужива. Затоа и на жените во 40-тите им е многу полесно да доживеат оргазам за време на секс.

4. Мажите издржуваат подолго

И кај мажите се менува нивото на хормони со текот на годините. Поради ова, после 40-тите мажите повеќе можат да го одложуваат оргазмот и повеќе да уживаат во сексот. Со ова се зголемува и можноста за заеднички оргазам кај партнерите.

5. Ќе најдете нови начини на забава во креветот

Кога нештата не одат најдобро на вообичаениот начин, паровите можат да се чувствуваат фрустрирано. Но, ова е одлична прилика да пробате нешто ново во кревет. На овој начин ќе се зближите со партнерот на ново ниво и ќе бидете отворени за експериментирање и сосема нови доживувања.

Погледнете и зошто љубовта во 40-тите е најдобра.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар