10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобра

10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобра

Кога ќе имате време да се пронајдете себеси, сѐ друго станува многу подобро. Многу луѓе не успеале да го пронајдат вистинскиот партнер пред да стигнат до 40-тите. Ова не значи дека не се труделе или дека постојано напуштале една врска за друга. Воглавно, луѓето што ја пронашле љубовта во 40-тите се чувствуваат посреќно бидејќи имале време да откријат кои се, имале поголема самодоверба и се фокусирале само на вистинските работи. Па, погледнете зошто љубовта во 40-тите е можеби најдобрата.

10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобра

1. Нема да се справувате со глупости

Веќе ви е јасно дека романтичните врски се само шлагот на добриот живот. Вие и партнерот сте едно цело и сте среќни индивидуи со исполнети животи. Заедно сте бидејќи сакате да бидете заедно. Заедно сте бидејќи меѓусебно се подобрувате. На оваа возраст повеќе не ви се играат игри. И двајцата сте го правеле тоа, a сега само сакате љубов и забава.

2. Се чувствувате удобно во вашата кожа

Благодарение на ова, многу полесно ќе споделувате интимни нешта со партнерот. Ќе сфатите дека воопшто не е важно со кој сте биле изминативе години. Можеби како млади сте чувствувале обврска да кажете колку пати сте биле вљубени или со колку луѓе сте спиеле. Но кога ќе наполните 40, повеќе ништо од тоа не е важно. Важна е личноста којашто сте сега.

3. Сте имале време да ги развиете интересите и талентите и да изградите кариера и идентитет

Ова е врска на еднаквост. Додека да ја започнете, и вие и партнерот веќе имате изградено кариера и ваш идентитет. Можеби имате и деца. Знаете што сакате да правите во слободно време и можеби овие желби ви се совпаѓаат. До 40-тите и двајцата сте имале толку многу искуства што сега е време да ги споделите.

4. Сте се чувале за вистинската врска

Зошто да бидете со некој што не е вистинската личност за вас? Во 20-тите е навистина лесно да бидете се некој поради забавата и ласкањето. Но, во 40-тите знаете дека е одлично да бидете и сами, па ќе почекате пред да го поделите вашиот живот со некој.

5. Сте се откажале од помислата дека постои само една вистинска личност

Сте се помириле со фактот дека ниту една врска нема да ви даде сè. За среќа, ова е многу добро. Ако најдете личност со која навистина сакате да поминувате време, да разговарате и да истражувате, зарем тоа не е доволно? До вашите 40-ти, веќе имате стекнато многу пријатели, колеги и познаници со разни улоги во вашиот живот, па совршениот партнер не мора да ви понуди сè.

6. Во фаза сте кога и двајцата сакате да се забавувате

Напорното градење на кариерата е зад вас. Најверојатно и вашите деца се големи, па доаѓа време за вас. Уживајте во него заедно. Патувајте, гответе, па зошто да не отворите и заеднички бизнис. Можете да правите сè што ќе посакате.

7. Не ви е потребен партнер, туку едноставно сакате да го имате

Дури и да станува збор само за секс, до 40-тите сигурно сте научиле како самите да се погрижите за тоа.

8. Подготвени сте да бидете искрени за сè

Сепак, нема потреба од тоа. 40-тите се првата декада во која повеќето луѓе навистина живеат во моментот и ја ценат сегашноста. Тоа значи дека сè што постои е сегашноста и другото навистина и не е толку важно.

9. Подготвени сте да бидете подобри кон себе

Проблемите од минатото полека исчезнуваат и конечно сте подготвени да бидете подобри кон себе. На овој начин сте и подобри кон другите. Оваа љубов е помирна и повоздржана. Знаете дека животот не трае засекогаш. Сфаќате дека секој ден може да ви биде последен, па едноставно сакате да бидете среќни. Насмевката има голем удел во тоа.

10. Јасно ви е колку всушност е краток животот

Треба да го извлечете најдоброто од секоја минута, а ова значи дека немате трпение за празни врски. Зошто да го трошите времето со личност која ве полудува? Едноставно не вреди. Можеби ова ви имало смисла кога сте биле помлади, но навистина ќе го сфатите кога ќе ги стигнете 40-тите.

Дознајте и зошто 40-тите се најубавата деценија од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар