3 едноставни рецепти за подобро расположение

3 едноставни рецепти за подобро расположение

Без разлика дали сте се расправале со партнерот, сте паднале на колоквиум или сте имале лоша работна недела, има начин да го подобрите вашето расположение. Готвењето е секогаш забавна активност, а овие едноставни десерти ќе можете да ги направите за само 10-тина минути.

1. Чоколадни топчиња

3 едноставни рецепти за подобро расположение

Чоколадото може да ги излекува сите рани, па зошто да не ги направите овие превкусни чоколадни топчиња?

Потребни состојки:
  • 170 грама чоколадо
  • 2 лажици маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лажица ситно исечкани ореви
  • 1 лажица мини маршмелоу
  • 1/2 лажица кокосово брашно
Начин на подготовка:

На тивок оган растопете ги чоколадото и маргаринот. Откако чоколадото целосно ќе се растопи, тргнете го од оган. Во садот со чоколадо изматете ги јајцето, шеќерот, маршмелоуто и оревите. Кога смесата ќе добие цврста структура, почнете да правете топчиња. На крај ставете ги во кокосово брашно, и вашиот десерт е готов.

2. Пржена банана со цимет

3 едноставни рецепти за подобро расположение

Идеалната комбинација од банана и цимет речиси сигурно ќе ја намали вашата тага.

Потребни состојки:
  • 4 банани
  • 2 лажици маргарин
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажица цимет
Начин на подготовка:

Излупете ги бананите и пресечете ги на половина надолго. Во тава растопете го маргаринот и на него испржете ги бананите додека не добијат златно кафеава боја. Додека бананите се пржат, во сад измешајте ги шеќерот и циметот. Откако ќе се испржат, ставете ги бананите на чинија и прелијте ги со смесата од цимет и шеќер. Послужете ги бананите топли.

3. Мафини со парчиња чоколадо

3 едноставни рецепти за подобро расположение

За овој превкусен десерт ќе ви бидат потребни само 10 минути.

Потребни состојки:
  • 1 лажица маргарин
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 жолчка
  • Прстофат сол
  • 3 лажици меко брашно
  • Неколку парчиња чоколадо
Начин на подготовка:

Растопете го маргаринот на тивок оган. Откако ќе се растопи, тргнете го садот од оган и додајте ги кафеавиот шеќер, екстрактот од ванила и солта. Потоа додајте ја и жолчката и добро промешајте. Кога ќе се соединат состојките, во смесата ставете и брашно. Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини. Ставете го калапот во претходно загреана рерна на 180 степени, и печете 5 до 10 минути. На испечените мафини ставете мали парчиња чоколадо.

Пробајте ги и овие чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар