Сега е моментот да посегнете по недостижното!

Сега е моментот да посегнете по недостижното!

Астролозите велат дека Венера влегла во знакот на Риби. Возвишената и егзекутирана Венера. Во светот во кој сè повеќе нè учат дека работите што ги сакаме се недостижни, кај нас се појавува чувство дека не сме доволно добри. Доволно напредни. Доволно во тренд. Дека не си одговараме едни со други.

Сега е моментот да посегнете по недостижното!

Денес, просечниот маж кој не оди во теретана, нема мускули или нема премногу пари смета дека не може да има „добра“ жена.

Денес, просечната жена на која ѝ недостасуваат силикони, не изгледа како да „излегла“ од насловните страници и не троши огромни суми месечно на облека, смета дека не може да има „добар“ маж.

Доста е од таквиот тренд!

Се делиме како во секти. Такви се и нашите односи со другите, а и нашите бракови. Еден куп празни приказни. Влегуваме во врски затоа што тренираме заедно, затоа што слушаме иста музика, ги сакаме истите филмови, излегуваме на истите места.

Љубовта е наш заеднички интерес, а не откритие. Затоа сакаме да поминуваме време заедно. На истите богови им се молиме. Исти се приказните што ги раскажуваме. Но, ако нешто отстапува затоа што е поразлично, тоа за нас е незамисливо. Идеално за нас е сите да ги правиме истите нешта.

Затоа што така сме научени и на сè гледаме површно. Заедништвото не е вистинско заедништво, туку е состав од „она што ни е заедничко“.

И, што на крај имаме?

Немаме ништо.

Затоа што некој, некаде, еднаш нè убедил дека е во ред да се ограничиме како во тегла и дека капакот е нашето небо.

Наместо да покажеме колку сме добри. Најдобри.

Живееме размислувајќи дека половина од она што сакаме да го постигнеме е недостижно. И такви стануваме.

Се согласуваме со она што го можеме да го имаме затоа што некој нè убедил дека не можеме повеќе. А, мораме!

Можеби сакате да прочитате и за тоа како да ја искористите моќта на зборовите за да ги исполните сите ваши желби?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар