Како да ја искористите моќта на зборовите за да ги исполните сите ваши желби?

Често кажуваме нешта без размислување и најчесто тоа не излегува добро. Зборовите влијаат на нашите животи на начин кој многумина не сакаат да го признаат.

Како да ја искористите моќта на зборовите за да ги исполните сите ваши желби?

Зборовите се состојат од вибрации и звуци, вибрации што го сочинуваат целиот свет. Се разбира, и нашите мисли имаат моќ, но кога им давате глас на мислите нивната моќ се зголемува. Токму поради ова афирмациите и мантрите се делотворни за многу луѓе ширум светот.

Веројатно ви имаат кажано дека доколку зборувате за вашите проблеми, ќе се чувствувате подобро. Но, ова не е секогаш точно. Ако ставате премногу негативност во светот, вие им давате моќ на негативните зборови, па и самите ќе се претворите во негативна личност. Ако сакате да бидете позитивни, мора прво да започнете однатре.

Моќта на зборовите можете да ја употребувате за секакви работи во вашиот живот. Дури и ако не верувате во она што го кажувате, тоа сепак ќе има влијание на вашиот живот. Токму поради ова толку многу нè повредуваат навредите – колку повеќе ги слушаме, толку пореални ни изгледаат, дури и ако не е така. Всушност, ние сме способни да ја обликуваме нашата реалност со нашите зборови.

Кога се жалите за околностите во вашиот живот, зборувате загрижено, користите погрдни зборови и слично, најчесто го правите тоа поради страв. Па првиот чекор што треба да го преземете за да го надминете ова е практикување на свесно зборување. Следниот пат кога ќе сакате да се пожалите, запрашајте се:

  • Зошто ќе го кажам тоа?
  • Како ќе ми служи тоа мене или на мојата среќа?

Поставете си ги овие две важни прашања и ќе откриете дека зборувате поради страв. Тоа е страв дека не сте доволно добри, дека сте во погрешна врска, дека сте на погрешно работно место и слично. Најважно е што ќе сфатите дека искажувањето на овие стравови не прави ништо за вашата среќа. Овие зборови можат само да направат да се чувствувате полошо и да ги манифестирате стравовите со поголем интензитет.

Па затоа храбро и свесно одбирајте ги вашите зборови. Секогаш зборувајте од позиција на љубов кон себе, за вашиот живот и за другите. Вашите зборови се еднакви на вашиот свет, па користете ги мудро.

Погледнете ги и правилата за среќа од законот за привлекување кои секој би требало да ги знае.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар