Себичност – особина поради којашто животот на жените станува многу подобар

Себичност – особина поради којашто животот на жените станува многу подобар

Покрај особините што на прв поглед се сметаат за негативни, постои една што би требало да ја има секоја жена. Од мали нè учат дека себичноста е лоша особина. Себичното однесување најчесто се категоризира како негативно, а понекогаш дури и неморално. Меѓутоа, сè повеќе експерти предупредуваат дека треба да го редефинираме поимот себичност, бидејќи постојат ситуации каде што таа е клучна за нашата добросостојба.

Себичноста се дели на лоша, добра и неутрална. Лошата себичност е вид на однесување со кое лошо влијаеме и на себе и на другите луѓе. Добрата себичност резултира со добар исход и за вас и за другите луѓе, додека пак, неутрална себичност се карактеризира со грижа само за себе без влијание на другите.

Имајќи го ова на ум, зошто постојано слушаме за само два вида себичност? Да се биде себичен (што се смета за лошо) каде што се ставаме себеси на прво место и да се биде несебичен (што се смета за добро) каде што ги ставаме другите луѓе пред себе.

Размислете малку сега. Дали вие би можеле да им бидете корисни на другите ако прво не си помогнете себеси? Ако прво не се грижите за своето физичко и психичко здравје? Токму овој вид неутрално себично однесување, каде што се ставате себеси на прво место, не на сметка на другите, е тоа што на многу жени им недостасува. Вие едноставно се грижите за себе, за понатаму да можете подобро да се грижите за другите.

За разлика од мажите што скоро секогаш себеси се ставаат на прво место, жените попрво мислат на сите останати отколку на себе. Токму затоа и себичноста е „маана“ што треба да ја усвојат. Поточно, тие треба да научат дека нивното физичко и психичко здравје зависи од тоа секогаш да се ставаат себеси на првото место. Така ќе станат позадоволни, ќе водат поквалитетен живот и најважно од сè, ќе имаат многу повеќе сила да ги завршуваат сите останати обврски и грижи во текот на денот. Ви има смисла ова?

Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар