Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците

Ејми Чавез е американска новинарка што живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозната земја. Кога прв пат зачекорила во Јапонија, не можела да си поверува колку е сè ефикасно и средено. Улиците се чисти, возовите стигаат на време, а луѓето се тивки и љубезни. Некои можеби и малку ексцентрични, но токму тоа им дава посебен шарм. Во секој случај, никој не се враќа од оваа земја онаков каков што бил. Погледнете во продолжение кои се лекциите што таа ги научила од Јапонците, и што секоја земја би требало да почне да ги применува.

1. Секогаш враќајте ја услугата, без разлика на сè

Во Јапонија, многу брзо ќе научите дека ако прифатите услуга, мора и да ја вратите. Тоа не мора да биде нешто големо, но би требало да покажува благодарност. Ако, на пример, некој ви помогне да внесете нов кауч во домот, тогаш би требало да возвратите барем со еден пијалак.

2. Љубезноста е многу повеќе од „благодарам“ и „пријатно“

Љубезноста и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако на улица прашате некој да ви помогне со насока, тие или ќе ви нацртаат мапа или ќе ве одведат онаму каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи и несебичност.

3. Ставајте ги другите пред себе

Најдобриот начин да им покажете на другите колку ви се важни, е доколку ги ставите на прво место. Правете им мали услуги, обрнете им внимание. Во јапонските домови дури постои и специјално место за седење на гостите, што е најубавото место во куќата.

4. Никој од групата не е исклучен

Во Јапонија сите се секогаш поканети. Затоа и нема непријатни моменти помеѓу познајниците, пријателите и семејството. Токму оваа вклученост нè учи да бидете толерантни кон сите, дури и оние што се целосно различни од нас.

5. Слушајте ги сите

Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса да го изразите своето мислење. Тие умеат да слушаа! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој ќе го има последниот збор. Така стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме туѓите погледи и мислења. Исто така, Јапонците секогаш настојуваат да разговараат мирно, да не се караат и да не ги наметнуваат своите ставови на другите.

6. Не треба да бидете националисти

Сите ние (помалку или повеќе) ја сакаме земјата од која потекнуваме. Но, нема поента да им докажувате на странците дека вашата земја е најубава и најдобра на целиот свет. На крајот од краиштата, не постои нешто што е „најдобро на целиот свет“ – секој различно и субјективно ги доживува нештата.

7. „Ганбару“ – работете најдобро што можете

Не постои превод за овој збор во нашиот речник. Тоа значи дека не треба да се откажете кога нештата ќе станат малку потешки, и кога треба да се вложи повеќе време, пари и енергија од планираното. Во Јапонија се очекува да се заврши до крај секоја работа што е почната, без разлика на околностите.

8. Ветувањето треба да биде исполнето

Во Јапонија, ако некој нешто ви вети, тој навистина мисли да го направи тоа. Ветувањето не се заборава, без разлика на сè. Дури и вие да заборавите, кога-тогаш, тој што ветил ќе си го оствари своето.

Чудесни Јапонки: 5 тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и кои живеат најдолго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар