Сè што треба да знаете за сланината

Сè што треба да знаете за сланината

Доколку мислите дека знаете сè за овој сувомеснат производ, размислете повторно. Во продолжение следуваат 6-те факти за сланината што со сигурност не сте ги знаеле! Оваа вкусна закуска е многу поздрава и поинтересна одошто мислевте, па сигурни сме дека уште денес ќе си ја подготвите за ручек и ќе уживате во нејзиниот интензивен вкус.

1. Лечи мамурлак

Британските истражувачи од Универзитетот во Њукасл го поврзале консумирањето сланина со намалувањето на последиците од мамурлакот. Имено, тие откриле дека таа содржи одредени аминокиселини што помагаат да се надополнат невротрансмитерите чиј број брзо опаѓа по интензивното пиење алкохол.

2. Го освежува здивот

Заборавете на пастата за заби со етерични масла како хибискус, нане и други освежувачки билки и побарајте ја онаа со миризба на сланина. Пастата со оваа димена состојка ги чисти забите на традиционален начин, но истовремено ви го освежува здивот повеќе од која било билка.

3. Најдобро се пржи во рерна

Спротивно на општото мислење, најкрцкавата сланина излегува од рерната. Наместо во тава, едноставно ставете ја на хартија за печење и така поставете ја во рерната. Не само што ќе постигнете одлична крцкавост, туку и ќе си ја намалите работата за чистење.

4. Предизвикува зависност

Најновите истражувања покажуваат дека исхраната богата со калории и маснотии, вклучувајќи ја и сланината, го стимулираат центарот во мозокот што е задолжен за уживање. На тој начин се создава и телесна потреба од вкусот која се граничи со зависност.

5. Постојат празници за сланината

Некои нации се толку опседнати со сланината што ѝ посветуваат посебно внимание. На пример, во Америка, саботата пред Денот на трудот неофицијално се смета за Ден на сланината. Љубителите на вкусот тогаш уживаат во неа, правејќи скара и собири со најблиските.

6. Помага при помнењето

Сланината содржи микронатриен познат како колин, што е важен за развојот на хипокампусот во мозокот, делот резервиран за помнењето. Една неодамнешна студија од Универзитетот во Северна Каролина сугерира дека истата состојка може да допринесе за подобар развој на мозокот кај нероденото дете доколку трудницата консумира храна богата со тој елемент.

Прочитајте ги овие причини зошто сланината е храна од соништата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар