Најмоќните цитати за летото што ќе ви помогнат да се подготвите за најдобриот период од годината!

Најмоќните цитати за летото што ќе ви помогнат да се подготвите за најдобриот период од годината!

Дојде летото! Сезоната што сите ние со нетрпение ја очекуваме. Нè очекуваат многу сончеви денови, дружење со пријателите, прошетки, кампувања, одмори… Сè што можете да си замислите е достижно во текот на оваа сезона. Тоа го докажуваат и следниве одлични цитати од непознати автори што се раширија низ Интернетот во последниве неколку денови…

„Ако сте босоноги, не можете да бидете несоодветно облечени.“

„Дозволете ни да лежиме на сонцето и да ги броиме прекрасните нешта што ги гледаме.“

„Одведи ме – Имам потреба од песок и бранови.“

„Длабокото лето е онаму каде што мрзливоста се граничи со почитување.“

„Лето е! Бидете и слободни и среќни и полни со танц и самостојни, сега.“

„Лето. Вашата коса станува полесна. Вашата кожа – потемна. Водата станува потопла. Пијалаците стануваат постудени. Музиката станува погласна. Ноќите – подолги. Животот станува подобар.“

„Тенот ќе избледи, но летните сеќавања ќе останат засекогаш.“

„Секое лето има сопствена приказна, но мојата е цел роман.“

„Животот без љубов е како година без лето.“

„Пријатели, сонце, песок и море… тоа звучи како лето.“

„Тргнете ги мобилните настрана ова лето, барем на неколку денови. Направете сеќавања за кои никој нема да знае. Направете сеќавања што ќе бидат само ваши.“

„Летото е начин на размислување.“

„Нема потреба од брзање. Ако нешто е судено да биде, тоа ќе се случи. Во текот на ноќта, со вистинската личност, за најдобрата причината.“

„Здраво лето, те чекав!“

Прочитајте ги и овие 10 летни цитати: Летото и неговите мудри мисли!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар