Се борите со стрес и осаменост? Одлични вежби за одмор на телото и умот

Се борите со стрес и осаменост? Одлични вежби за одмор на телото и умот

Вежбањето е најдобриот начин да го одржите своето тело во форма, но дали сте размислувале и за ефектите што тоа ги има на вашата ментална рамнотежа? Претераниот стрес е еден од најголемите проблеми на денешницата, кој не бира години, тело и дух. Но, не грижете се. Со соодветните вежби вие можете лесно да го одбраните својот ум од негативноста.

Кога сме физички активни, протокот на кислородот низ нашиот организам се зголемува и во тие моменти тензијата од телото исчезнува. На тој начин полесно се носите со стресот и полесно можете да се опуштите и да почувствувате хармонија. Немојте да се зачудите ако и после најмалата физичка активност имате потреба за дружење и дополнителна мотивација да работите.

Па, ако минувате низ тежок период, тогаш погледнете ги следниве вежби што ќе ви помогнат да го разбистрите вашиот ум, да го разведрите вашиот дух и притоа да си го обликувате телото.

Ако сте под стрес… Кик-бокс!

Удирањето во вреќа може да стимулира ослободување ендорфин – хормонот на среќата, како и да биде најдобриот начин да се ослободите од негативната енергија што ви струи низ телото. Многумина велат дека е уште поефикасно ако пред вас ја замислите личноста што ве нервира или проблемот што не можете да го решите и едноставно да го исфрлите сето незадоволство од вас.

Ако се чувствувате депресивно… Прошетка!

Доколку наутро сте мрзливи и не ви станува од кревет, особено е важно да се натерате да излезете на воздух. Покрај тоа што е одличен начин да си го подобрите расположението, научно е докажано дека шетањето ги зголемува умствените способности за 20% доколку го практикувате барем три пати неделно. Во оваа цел може многу да ви помогне домашното милениче.

Ако сте осамени… Групен спорт!

Групните спортови како што се кошарката или одбојката им помагаат на осамените луѓе да остварат комуникација и да се почувствуваат како дел од тим. Првиот чекор е најтежок, но морате да се убедите себеси да го направите доколку сакате да се чувствувате подобро. Во овие групи обично владее позитивно расположение што е заразно!

Ако сте анксиозни… Јога!

Сигурно барем од една личност сте чуле позитивни искуства од јогата, како и чувството на блаженство што се создава по вежбањето. Тоа е така затоа што со јогата се смалува нивото на адреналин и другите хормони на стрес во вашето тело додека истовремено се подигнува серотонинот, хормонот на среќата, со чија помош лесно наоѓате внатрешен мир.

Ако имате ниска самодоверба… Тренинг за издржливост!

Овој вид тренинг е одличен доколку сакате да ја зголемите самодовербата и конечно да го засакате сопственото тело. На овој начин можете да го следите своите вежбање како и напредокот. Па, колку сте посилни, толку подобро ќе се чувствувате во своето тело, како и во својот ум.

Пробајте ги и овие 5 антистрес вежби за прогресивно опуштање на мускулите што можете да ги правите и на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар