Вистинска љубов: 8 девојки откриваат како нивните момци прават тие да се чувствуваат посебно

Вистинска љубов: 8 девојки откриваат како нивните момци прават тие да се чувствуваат посебно

Станува збор за мали нешта со големо значење. Овие девојки анонимно ги споделуваат малите и големите работи што нивните сакани ги прават за нив, поради кои тие се чувствуваат посебно и најсакано на светот. Дали и вашиот партнер прави вакви работи за вас? Споделете ги со нас во коментарите подолу…

1. Тој што готви

„Тој е одличен готвач, а јас обожавам да јадам. Токму затоа и тој секогаш внимава фрижидерот да биде преполн со храна. Понекогаш и ми купува закуски што знае дека ќе ги обожавам.“

2. Тој што мисли однапред

„Тој ми носи по едно колаче без да ме праша дали сакам секојпат кога влегува во кујна да си земе за него. Ми ги масира стапалата. Ја пушта мојата омилена музика додека готвам. Тој е најдобар!“

3. Тој што поправа сè

„Мојот партнер поправа сè што ќе ми се расипе. Некогаш дури и не ми кажува. Пред некој ден одев со велосипед на работа и забележав дека едната рачка веќе не е расклатена. Тој ја заменил. Исто така, последен пат кога бевме на кампување стаорец изгризал дел од мојот ранец и тој го пратил да го поправат, повторно без да ми каже. Забележав дури кога се спремавме за следното патување.“

4. Тој што проверува дали сè е во ред

„Признавам дека треба да работам на комуникацијата кога сум вознемирена или несреќна, па тој почна одвреме-навреме да ме проверува и да ме прашува дали сум среќна и како може да ме направи посреќна. Едноставниот акт на грижа и фактот што ми става до знаење дека ме слуша прави чуда за нашата врска.“

5. Тој што е тука за неа

„Тој ме слуша и ми зборува за тоа што се случува. Тој едвај чека да поминува време со мене секоја вечер, ми ја држи раката кога гледаме телевизија, ми носи чоколади што знае дека ги сакам, ми праќа пораки секојдневно велејќи ми дека ме сака, ми готви кога имам долг и напорен ден…“

6. Тој што се грижи

„Тој обрнува внимание на сè и ми покажува дека навистина се грижи. Имав некои медицински проблеми па морав често да одам на доктор и тој ги запишуваше сите термини за да ги знае. И покрај тоа што останува буден долго после мене, секогаш легнува покрај мене и ми ја чешка главата додека да заспијам.“

7. Тој што си стои на зборот

„Тој прави сè што ќе каже и ќе вети. Без разлика за што станува збор, тој ќе го заврши кажаното и ветеното. Не ни знаев колку ми е ова важно сè додека не забележав колку често се случува.“

8. Тој што остава пораки

„Тој ми крие пораки во чантата или во автомобилот. Пред некое време случајно открив една што ја оставил одамна откако имав сообраќајка и посегнав по картата за осигурување.“

Делата се поважни од зборовите: Прочитајте ги и овие 13 знаци за вистинска љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар