Сангрија со бело вино, смокви и круши

Бело вино со круши и смокви, а можеби и малку цимет е совршена комбинација за почетокот на есента!

Сангрија со бело вино, смокви и круши

Потребни состојки:

  • 5 смокви
  • 1 круша
  • 1 лимон
  • 1 стапче цимет
  • 3 цели каранфилчиња
  • 450 милилитри бело вино
  • 450 милилитри минерална вода

Начин на подготовка:

  1. Измијте го овошјето и исечкајте го на ситни парчиња.
  2. Ставете го овошјето во една голема тегла. Истурете го виното, а потоа и минералната вода.
  3. Оставете најмалку 2 часа во фрижидер, а потоа споделете со пријателите!

Погледнете го и овој едноставен рецепт за коктел со текила кој е конкуренција на Маргарита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар