Палома: Едноставен рецепт за коктел со текила кој е конкуренција на Маргарита

Палома е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните вкусови кои се преплетуваат во секоја голтка – горчлива, слатка, солена, кисела.

Најдобро од сè е што не мора да потрошите еден куп состојки за да направите Палома. Потребни се само текила и грејпфрут, а остатокот зависи од инспирацијата. Свежо исцеден сок од грејпфрут ќе биде полн погодок во комбинација со текила и малку тоник или минерална вода, а може да додадете и исцедени лимети, како и сол за украсување на работ на чашата. Ако сакате, истријте ја чашата со парче грејпфрут и натопете ја во сол.

Палома: Едноставен рецепт за коктел со текила кој е конкуренција на Маргарита

Ако користите сок од грејпфрут и вода, тогаш можеби ќе ви недостасува доза на сладост и во тој случај додадете сируп од агаве или едноставен сладок сируп што ќе го направите со мешање на чаша вода со чаша шеќер стопена на оган и оладена. Можете исто така да додадете свежи билки што ќе ги оставите да стојат најмалку 15 минути во свежа вода.

Потоа чувајте го сирупот во фрижидер и извадете го кога ви треба за коктели. Парчиња грејпфрут или, на пример, стебленца од рузмарин можат да се користат како украс.

Потребни состојки:

  • 120 милилитри текила
  • 120 милилитри сок од грејпфрут
  • 50 милилитри (или по вкус) сируп од агаве
  • минерална вода или тоник

Начин на подготовка:

  1. Наполнете чаша со коцки мраз, додајте ја текилата, сокот од грејпфрут и сирупот и промешајте. Потоа, додајте ја минералната вода или тоникот и послужете.

Погледнете го овој брз рецепт за фахитас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар