Самодоверба, независност, умерена самокритичност: Женски особини од кои мажите се плашат

Веќе е познато дека мажите се плашат од жените, но досега немавме можност да дознаеме кои женски особини будат вакви емоции во нив. Токму затоа и решивме да ви откриеме од што се плашат мажите и како да го промените ефектот што овие особини го имаат на нив.

1-samodoverba-nezavisnost-umerena-samokritichnost-mazhite-se-plashat-od-ovie-pet-zhenski-osobini-www.kafepauza.mk_

1. Самодоверба

Иако поголемиот дел од мажите веднаш ќе признаат дека сакаат силни и самоуверени жени кои отворено ги искажуваат своите ставови, мислења и желби, статистиката пак покажува други резултати. Но зрелиот маж нема да се повлече пред силна жена, баш напротив, ќе направи сѐ за дополнително да ја стимулира нејзината самодоверба.

2. Независност

Порано жените целосно зависеле од своите мажи и нивното материјално богатство, но времињата сега се променети. Честопати некои жени заработуваат и повеќе од некои мажи, успешни се и независни во секоја смисла, особено во материјалната. Меѓутоа, зрелиот маж нема да се чувствува загрозено во присуството на таа жена.

3. Прифаќање на сопственото тело

Жените кои го прифаќаат своето тело, особено оние кои се покруто градени и кои се чувствуваат добро во сопствената кожа, може да бидат закана за мажите. Прифаќањето на она што сте ќе ја подигне вашата самодоверба, а многу мажи може да потврдат дека многупати се заљубиле во некоја девојка која има вишок килограми, но истовремено и висока самодоверба.

4. Бестрашност

Иако мажите сакаат кога жената има потреба да се чувствува сигурно и заштитено од нивна страна, сепак сакаат и бестрашни жени кои се секогаш подготвени за ризик или животна авантура. Без разлика колку тие зборуваат дека сакаат сигурност со жените, она што ги одржува во живот се токму непредвидливите околности и ситуации кои ги доживуваат со своите поубави половини.

5. Умерена самокритичност

Скоро секој од нас ги преиспитува сопствените постапки и си дава конструктивни критики со цел за напредок, но претераната самокритичност во еден момент се претвора во несигурност, а таа ни е голем непријател на патот кон квалитетните меѓучовечки односи.

Доколку се гледате како силна и самоуверена жена, дознајте која е вистината зошто повеќето мажи не можат да издржат во врска со силни жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар