10 заповеди за успешно бојадисување на косата во домашни услови

10 заповеди за успешно бојадисување на косата во домашни услови

Сакате да ја бојадисате вашата коса во домашни услови? Без разлика на тоа која боја за коса ќе ја изберете, не отворајте ја кутијата сè додека не ги прочитате советите од овие врвни експерти.

1-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

1. Изберете ја правилната боја

Бојата на косата (дури и ако е бојадисана) треба да послужи како репер за изборот на новата боја. Никогаш немојте да се обидувате со една постапка да ја осветлите или потемните косата за повеќе од две нијанси.

2. Држете се до „студените“ нијанси

Доколку ја осветлувате косата со „топли“ нијанси, лесно може да се случи бојата да оксидира, а косата да прими неубав зеленикав отсјај. Боите кои спаѓаат во категоријата на „студени“ или „неутрални“ тонови се многу побезбедна опција, особено при првото бојадисување.

3. Обезбедете ја потребната количина боја

Имате долга коса и ви се случува следната ситуација: Некаде на половина од постапката сфаќате дека немате доволно боја за коса. Вистински ужас! Количината на боја во поголемиот дел од стандардните пакувања е доволна за бојадисување на „просечна“ должина на коса (отприлика до рамената). Значи, ако имате подолга, или изразито густа коса, задолжително купете две пакувања боја за коса.

3-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

4. Набавете професионална опрема

Реквизитите кои се наоѓаат во пакувањето на поголемиот дел од боите за коса честопати не се доволно практични. Затоа е најдобро да инвестирате во професионалната опрема – четки, ракавици, сад за мешање на бојата. Тие ќе ви помогнат поквалитетно да ја извршите постапката. Сѐ што ви е потребно можете да го набавите во парфимериите или продавниците за професионална фризерска опрема.

5. Испробајте ја бојата на неколку прамени

Поштедете се од непријатни изненадувања и скапи фризерски услуги за „поправање на штетата“. Ако имате време, тестирајте ја новата боја на неколку внатрешни прамени и доколку сте задоволни со резултатот, можете слободно да ја бојадисате целата коса.

6. Внимателно бојадисувајте го коренот

Неизедначеноста на бојата на коренот на косата и на краевите се главни показатели дека самите сте се бојадисувале. Тоа се случува кога бојата се слева од коренот кон краевите кои се веќе заситени со боја. За да ја избегнете оваа грешка, замолете ја вашата пријателка, сестра или мајка, внимателно да ви нанесе боја само на коренот. Сакате да ја освежите бојата на целата коса? Почекајте најмалку 5 минути од почетокот на процесот на бојадисување, па потоа намачкајте го остатокот од косата.

7. Одржувајте ја бојата на косата

Колку повеќе ја негувате косата, толку нејзината боја ќе биде посвежа и постојана. Тоа значи дека треба редовно да користите шампони за бојадисана коса, како и барем еднаш неделно да употребувате регенератор со длабинско делување.

8. Добро покријте ги седите влакна

За покривање на седите влакна користете фарба за целата коса во нијанса која е некаде измеѓу бојата на вашите седи влакна и бојата на коса која сте ја имале како дете. Така ќе го „омекнете“ изгледот на лицето и ќе го камуфлирате коренот.

9. Внимателно со витканата коса

Бојадисувањето природно виткана коса е деликатна работа. Таа е природно сува и порозна, и затоа побрзо ја апсорбира бојата и е поподложна на оштетувања отколку рамната коса. Затоа експертите советуваат да ја разредите бојата така што ќе замените третина од хидрогенот со дестилирана вода. После тоа, изведете ја постапката за бојадисување на вообичаен начин.

10. Експериментирајте со боите за коса

Бојата на косата е, без сомнение, моден детаљ. Затоа можете да си играте со светли, темни или црвеникави нијанси на бои кои обично ги користите. Резултатот може пријатно да ве изненади. Ако не сте подготвени за големи експерименти, суптилните промени можете да ги постигнете со употреба на преливи, тониран сјај за коса или тонирана пена за обликување.

Продолжете на следната страница за да откриете која боја за коса најдобро ќе му одговара на вашиот тен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар