Вистината зошто повеќето мажи не можат да издржат во врска со силни жени

Вистината зошто повеќето мажи не можат да издржат во врска со силни жени

Како и сите останати жени, сигурно и вие додека сте растеле сте забележале еден тренд кој во ниту еден момент не избледува. Сте гледале мажи кои викале по жени преку улица, на тој начин терајќи ги да го забрзаат своето движење и да го извадат мобилниот телефон за секој случај. Сте чуле и како истите тие мажи ги нарекувале жените „кучки“ и заедно со нивните пријатели ги исмејувале без никаква причина.

Вистината зошто повеќето мажи не можат да издржат во врска со силни жени

Од друга страна пак, овие таканаречени мажи знаат и да ги понижуваат жените, да се однесуваат сексистички и да ги засрамуваат затоа што спијат со момци за забава… Овие двојни стандарди постојат подолго отколку што кој било од нас сака да признае.

Вистината е дека одредени мажи едноставно не можат да го поднесат фактот дека жените секојдневно стануваат сè посилни. Тие не можат да се помират со идејата дека жените не се родени само за да им служат. Денешните дами нема да се однесуваат кон нив како да се кралеви, додека тие за возврат ги омаловажуваат и им прават да се чувствуваат лошо во својата кожа.

Дури и покрај тоа што е 2016 година и сите веруваме дека сме напреднале многу во однос на минатото, сепак на ова поле прогресот е скоро незначителен. Што се случува со онаа група мажи што сè уште веруваат дека го поседуваат светот? Што е со оние мажи што сметаат дека жените треба да го чистат домот и да им готват ручек/вечера што ќе ги чека на масата кога тие ќе се вратат од работа? Истите тие жени да бидат и секогаш дотерани и нашминкани, специјално за нив.

Се разбира дека ова не важи за сите мажи, но да бидеме реални, колкумина навистина и искрено ги гледаат жените како нивни еднакви партнери?

Силните жени немаат потреба од маж за да го живеат својот живот онака како што си замислиле. Тие нема да бараат од вас да им ги носите кесите со производи од маркетот до домот. Тие нема да очекуваат да им ја отворите вратата, ниту пак да го удрите оној што им се додворува во барот. Тие не сакаат да ја браните нивната чест… Сите овие нешта, можат и самите да ги направат!

Мажите се научени да бидат заштитници. Да бидат оние што ќе ја спасат девојката. Но, да бидеме искрени, на жените повеќе не им е потребно спасување. Всушност, тоа никогаш не им ни било потребно.

Силните жени не чекаат никого. Тие нема да чекаат конечно да ги поканите на состанок. Тие нема да поминат години надевајќи се дека мажот што го сакаат, ќе ги засака и нив. Не, тие ќе продолжат со својот живот. Тие знаат точно што сакаат, и како да го добијат тоа. А кога нешто сакаат, истото и ќе го добијат! И нема да се извинат за тоа.

Силните жени никогаш не би правеле нешто што не сакаат. Тие нема да имаат секс на првиот состанок под притисок. Тие нема да излегуваат со некого само затоа што тоа било побарано од нив. Тие нема да продолжат со врската само поради удобноста. Силните жени се водечкиот лик во својата приказна. А вие не сте нивниот принц.

Да бидете во врска со силна жена, треба да имате висока самодоверба. Треба да бидете и вие ментално силни, доволно за да можете самите да се држите. Вие не сте направени од челик, исто ни тие. Треба да бидете способни да ги покажете своите емоции и ранливост, и да бидете искрени со нив. Едноставно нема потреба веќе да се покажувате со физичка сила. Нема потреба да покажувате колку сте силни така што ќе заштитувате или ќе овозможувате финансиска сигурност. Вие само треба да бидете покрај нив кога нештата ќе станат тешки. И треба да им признаете дека тие се навистина силни, но и способни за многу повеќе.

Па, што сакаат силните жени да знаете за врската со нив?

Едноставно однесувајте се кон нив со почит. Слушајте ги. Тешете ги кога срцата им се во болка. И истото ќе го направат и тие за вас. Ви ветуваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар