Рецепт за торта од палачинки и пире од костени

Дали сакате палачинки и костени? Тогаш сега е вистинското време да ги комбинирате овие два омилени десерти во вкусна торта.

Бидејќи сезоната на костенот е во полн ек, направете пире од костени, а покрај тоа, ќе ви требаат и уште неколку палачинки за подготовка на одличен есенски десерт.

Рецепт за торта од палачинки и пире од костени

Потребни состојки:

  • 8 до 10 подебели палачинки
  • 10 г пире од костени
  • 200 милилитри слатка павлака
  • сок од 2 средни портокали (околу 150 милилитри)

Начин на подготовка:

  1. Направете ги палачинките според рецепт кој веќе сте го испробале.
  2. Миксирајте ја слатката павлака додека не добиете цврст шлаг. Ставете го во фрижидер. Истурете го сокот од портокал во пирето од костени и мешајте додека не се соедини. Доколку е потребно, додадете малку повеќе сок или одземете ако сметате дека смесата е премногу водена. Потоа лесно промешајте со шлагот.
  3. Ставете една палачинка на чинијата на која ќе ја сервирате тортата и премачкајте ја со подебел слој од кремот. Потоа ставете друга палачинка врз неа и направете го истото.

СОВЕТ:

Ако не сакате портокали, можете да го замените сокот со млеко. На крајот можете да изрендате малку црно чоколадо или да украсите по избор.

Можеби ќе сакате да го пробате и најдобриот рецепт за пире од костени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар