Го имаме најдобриот рецепт за пире од костени оваа есен

Дали сте за нешто благо? Ова вкусно пире од костени сигурно ќе ве израдува! Костените сами по себе се благи и навистина не треба да се засладуваат, но ако некому навистина му недостасува, може да се заслади со малку мед или јаворов сируп.

Го имаме најдобриот рецепт за пире од костени оваа есен

Потребни состојки:

  • 500 г костени
  • 100 милилитри овесно млеко
  • 10 милилитри јаворов сируп (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги костените на средината и печете ги за 25 минути на 185 степени. Потоа исчистете ги и заедно со млекото ставете ги во блендер.
  2. Кога ќе добиете кремаста смеса, поделете ја во две чаши и оставете во фрижидер неколку часа.
  3. Украсете со рендано чоколадо или по избор и уживајте!

Moжеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар