Рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути

Гладни сте, но немате време да готвите? Нема проблем! Имаме нешто вкусно и брзо за вас!

Рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути

Потребни состојки:

  • 400 г њоки
  • 250 г крем за готвење
  • 100 мл бело суво вино
  • 50 г рендан пармезан
  • 3-4 суви домати
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица сенф
  • грст свеж босилек
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

  1. Загрејте го путерот и заедно со исечканиот лук мешајте околу половина минута.
  2. Додадете го сенфот и ситно исечкани сушени домати и додадете вино. Гответе околу две минути.
  3. Потоа додадете ги њоките и кремот за готвење, добро промешајте и варете околу 5 минути.
  4. Додадете го пармезанот и босилекот и оставете додека њоките не се готови и не добиете кремаста смеса.

Можеби ќе сакате да ја пробате и оваа здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар