5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот

Има нешто посебно во филмовите за нови почетоци. Без разлика дали станува збор за крај на долга врска, губење на работата, преселување или развод, справувањето и почнувањето од нула секогаш ни дава надеж за подобро утре. Кога станува збор за развод, новиот почеток е најчесто тежок, а луѓето кои треба да создадат нов и независен живот, честопати стануваат херои и примери од кои можеме да научиме многу. Ако сакате да гледате љубовни филмови од кои можете да ги научите најважните работи за љубовта, семејството, трпеливоста и упорноста, овие 5 филмови за развод ќе ви помогнат да го сторите тоа.

„Брачна приказна“ („Marriage Story“)

Ноа Баумбах, чиј потпис стои зад филмот „Брачна приказна“, е еден од најголемите уметници кога станува збор за прикажување на секојдневниот живот, на малите нешта од животот и на сите оние големи работи што луѓето ги носат во себе. Еден таков филм е „Брачна приказна“, во кој е прикажан млад брачен пар и семејство што се обидува да остане заедно по разводот. Тоа е исклучително тешка задача и се отежнува со фактот што таткото (Адам Драјвер) сè уште има чувства кон мајката (Скарлет Јохансон), која се обидува да создаде нов живот. Овој филм ќе ве научи на многу работи и ќе ви покаже дека понекогаш е подобро да не ја продолжувате приказна на која ѝ дошол крајот.

„5 × 2“

Овој француски филм ретроспективно ги прикажува сите фази на една брачна двојка која е во процес на развод. Ерупцијата на емоции спакувана во прекрасни сцени и генијалната музика ќе ви донесат сосема поинакво искуство и поинаков поглед на љубовната врска на која ѝ дошол крајот. Иако е малку мрачен, филмот содржи романтични и мелодични сцени кои долго ќе ги паметите.

„Луда, глупава, љубов“ („Crazy, Stupid, Love“)

Кал доживува незгоден удар од реалноста и од животот кога неговата долгогодишна партнерка ќе побара развод. Целосно изгубен, во нов стан што го презира и нова реалност на која не сака да се навикне, тој се сретнува со женкарот Џејкоб кој му кажува трикови како да го совлада сингл животот. Кога Џејкоб случајно ја запознава Хана, ќерката на Кал, во која се заљубува на прв поглед, оваа приказна за разводот добива интересен тек. Оваа романтична и слатка приказна ќе ве забавува и ќе ви одржи важни животни лекции.

„Медузата и китот“ („The Squid and the Whale“)

Уште едно прекрасно дело на генијалниот Баумбах ќе ве однесе низ приказната за семејство кое се обидува да се извлече од сите грди работи што ги носи разводот. Борбата на ова семејство не е прикажана само низ очите на родителите, туку и низ очите на две момчиња кои се лошо и болно погодени од разводот. Ако обожавате животни драми кои на моменти имаат горчлив вкус, овој филм е вистинскиот за вас.

„Доволно кажано“ („Enough Said“)

„Доволно кажано“ е слатка приказна за Ева и Алберт кои започнуваат романтична врска откако се развеле од сопружниците. Иако на почетокот се двоуми и не сака да ја прифати поканата на Алберт за состанок, Ева брзо сфаќа дека тие двајца едноставно се преклопуваат и се разбираат. Кога ќе сфати дека Алберт е поранешен сопруг на една од нејзините клиентки, љубовната приказна на Ева станува комплицирана. Ако барате прекрасна љубовна приказна што ќе ве забавува и ќе ве расположи, сигурно ќе уживате во овој филм.

Погледнете ги овие 5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар