Рецепт за празнични колачиња од лешник и карамела

Овие колачиња мора да го пробате и да уживате во нивниот совршен вкус.

Рецепт за празнични колачиња од лешник и карамела

Потребни состојки:

  • 100 грама брашно
  • 130 грама шеќер
  • 50 грама какао
  • 110 грама путер
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • 100 грама грубо сечкани печени лешници
  • 1 белка

За фил:

  • 100 грама лешник-карамела
  • 1 лажица млеко
  • 50 грама чоколадо

Начин на подготовка:

Ставете ги омекнатиот путер, шеќерот, жолчката, млекото, брашното и какаото во еден сад. Измешајте малку со миксер без да го вклучите за да не се разлета брашното, па дури потоа може да го вклучите. Завршете го мешањето со рака.

Оставете го тој сад половина час во фрижидер. Ако го оставите да стои подолго, тогаш покријте го со кеса. Обликувајте топчиња со големина по желба.

Ставете хартија во садот за печење. Изматете ја малку белката со вилушка, па ставете ја секоја топка во белката, па во лешниците и наредете ги во плехот за печење. Направете дупче на секое топче со прстот. Печете во загреана рерна 15 минути на 180 °С. Колачињата треба да бидат меки кога ќе ги извадите. Поправете ги дупките веднаш и оставете ги да се изладат.

Стопете ги карамелата и чоколадото. Додајте го млекото во карамелата и растопете ја во микробранова печка. Направете го истото и со чоколадото. Потоа оставете ги и тие да се изладат.

Ако ја оставите карамелата долго време, таа ќе се затегне. Потоа ставете ја повторно малку во микробранова печка за да се растопи. Ако немате микробранова печка, можете да го направите тоа на пареа. Наполнете ги колачињата со филот. Оставете го да се зацврсти, а потоа уживајте во совршениот вкус.

Погледнете го овој рецепт за торта од палачинки и пире од костени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар