За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

Институтот за бои „Pantone“ ги претстави боите што ќе ја одбележат 2021 година: сива (Ultimate Gray 17-5104) и светложолта (Illuminating 13-0647) – две независни бои кои совршено се поддржуваат една со друга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PANTONE (@pantone)

Сивата боја е симбол на цврсти и стабилни елементи во природата, како камчиња на плажа кои траат засекогаш. Оваа боја поттикнува чувство на смиреност, издржливост и стабилност.

Светложолтата е боја на надеж и дава сила со својата енергија, јасност и желба да се надмине постојаната неизвесност во овие непостојани времиња, а особено на почетокот на новата година. Проткаена е со радост и повикувачки емоции.

Од една страна, сивата е практична боја, додека светложолтата носи топлина и оптимизам. Оваа моќна комбинација на сила и позитивност ќе ве освои на прв поглед и пренесува порака за среќа, промисленост и пријателства во 2021 година.

Институтот за бои „Pantone“ ги објавува во декември своите предвидувања за годината што претстои врз основа на анализа на постојните модни трендови, технологии и економски услови. Според нив, 2020 година беше одбележана со класична сина боја (Classic Blue 19-4052), а претходната година со корална боја (Living Coral 16-1546).

Комбинацијата на сива и светложолта боја е одличен избор во модните комбинации, но и во дизајнот на ентериерот. Погледнете ги фотографиите за да откриете како да ги вклопите боите на 2021 година во вашиот дом.

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

Погледнете како да ја декорирате спалната соба во жолти нијанси.